Детскиот културен центар „Карпош“ и годинава традиционално во чест на градот Скопје, односно неговото ослободување, ја организира манифестацијата посветена на предучилишните установи „ ГО ГРАДАМ МОЈОТ ГРАД“-2016.Оваа манифестација ќе се одржи утре /11.11.2016 година, петок/, од 10 до 11 часот, во просториите на Детскиот културен центар „Карпош“ и има за цел да ги поттикне децата да ја покажат својата креативност и творечки вештини, како и да ги запознае со значењето на денот 13 Ноември за градот во кој растат и живеат.
Секоја градинка, како и во изминатите години ќе ја претставува екипа од 5 дечиња, а објектот кој ќе се гради е по нивен избор, како и градежниот материјал што ќе го користат (коцки, цртежи или природни материјали како лисја, дрвца и друго).
Градинките чиишто дечиња ќе учествуваат на оваа традиционална манифестација ќе добијат и симболични подароци во знак на благодарност за соработката од Детскиот културен центар „Карпош“.Оваа манифестација ќе се одржи утре /11.11.2016 година, петок/, од 10 до 11 часот, во просториите на Детскиот културен центар