Go Green дел од Самитот за климатски промени на Обединетите Нации во Париз

Go Green, здружението за заштита на животната средина, беше единствениот претставник од балканските земји на младинската конференција за климатски промени (COY11) во Париз, а со свои претставници е присутно и на Самитот за климатски промени на Обединетите Нации (COP21) исто во Париз.Младинската конференција, каде присуствуваа околу 5000 млади од 118 земји, претставува платформа на младите за подобро разбирање на процесот на преговори за климатските промени. На Самитот за климатски промени на Обединетите Нации (COP21), кој во тек, претставниците на Go Green преговараат со своите барања за правно обврзувачки договор.
Генералниот младински секретар на ОН, Г-дин Ахмадад Алвендави (Ahmadad Alwendawi) ја отвори младинската конференција нагласувајќи ја улогата на младите:
„Гласот на младите луѓе ќе биде слушнат. Јас ве повикувам да продолжите да се борите бидејќи е време да ве слушнат властите. Ние сме генерацијата која ќе ја заврши таа работа“.
Конференцијата продолжи со „Декларацијата за човечките права“ каде беа презентирани принципите, правата и обврските кон човештвото. Основните принципи на декларацијата се интергенерациска одговорност, еднаквост и солидарност и таа ги потенцира правата за универзален и лесно достапен пристап до основните ресурси за живот. За време на конференцијата беше потенциран и проблемот со мигрантите како резултат на климатските промени. 26 милиони луѓе годишно мигрираат во своите земји или во друга земја поради поплави, суши, пожари, торнада и останати последици од климатските промени.

Најголемиот дел од нив се селат внатрешно во нивните земји со таканаречени „програми за преселба“ на нивните влади, но предизвикот се појавува кога доаѓа момент на меѓународни спогодби и програми за преку гранична миграција. Оваа тема ќе биде посебно адресирана на меѓународните средби за климатски промени во Париз.
Дополнително, за време на тридневната младинска конференција беа адресирани и многу други теми преку работилници како „Поврзување помеѓу духовноста и животната средина”, „Промена преку уметност”, „Светло од отпад”. Претставниците на Go Green, како единствени учесници од Балканот на COY11, беа интервјуирани од страна на National Geographic channel и од француските медиуми со цел адресирање на проблемите со кои се соочува балканскиот регион поради климатските промени.
Исто така, претставници на иницијативата за проширување на Go Green во Хрватска се приклучија на настанот, па истовремено се одржаа и стратешки состаноци за развој на меѓународна младинска мрежа за заштита на животната средина.Младинската конференција, каде присуствуваа околу 5000 млади од 118 земји, претставува платформа на младите за подобро разбирање на процесот на пре

Пронајдете не на следниве мрежи: