Иако пред една недела Управниот суд донесе времена мерки и му забрани на техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски незаконско да унапредува, тој одлучи дека партиската агенда и налозите од Зоран Заев се поважни и со поголем приоритет.Во ист ден, без конкурс, Спасовски вработи новинар и наместо да склучи договор за приправнички стаж, му даде началничко место. Техничкиот министер тука не застана, па против законски ги разреши првите луѓе на Единицата за прв одговор и интервенција „Алфа“ и автопатната полиција, за на нивно место да постави партиски кадрови решенија. Овие решенија, како и сите претходни, се спротивни на системот на кариера и претставуваат метеорски скок од неколку местам
Бранко Ракиќ од инспектор раководител на смена во Мобилна единица за патен сообраќај, со новото незаконско решение е назначен за началник на наведената единица, позиција со која се прескокнати 8 нивоа.
Примислав Димовски, пак, од виш инспектор во тим за обука во Единицата за специјални задачи –ЕСЗ е распореден во командант на „Алфите“, што претставува скок од 7 нивоа според систематизацијата на Министерството за внатрешни работи.
Екс министерот за внатрешни работи на СДСМ, Љубомир Фрчковски покажа како планира СДСМ да се однесува доколку дојде на власт, што впрочем се потврдува и од незаконските постапки на Спасовски. Бркање од работа, пакување како партали, вели екс министерот.
– Како партали новиот министер треба да ги спакува и да ги смени, а тие после нека тужат следните шест години дека тоа не било согласно систематизација. Министерот мора да има можност да организира освен оние кои ги именува Владата, тие ќе останат проблематични, изјави Фрчковски во гостувањето во Нова ТВ. Во ист ден, без конкурс, Спасовски вработи новинар и наместо да склучи договор за приправнички стаж, му даде началничко место. Техничкиот