Психологот Марија Алехандра Кесо, која е обвинета дека му ја отсекла главата на својот сопруг Алан Карера Куелар (41) и ги сокрила неговите остатоци на повеќе места во Мексико Сити, парќала пораки од неговиот мобилен телефон на неговото семејство и пријатели за да ги увери дека е се уште жив.40-годишната жена која претходно тврдела дека сопругот ја тепа, му ставила таблети за спиење во пијалокот, а потоа со пила го искасапила неговото тело и остатоците ги ставила во неколку црни кеси за ѓубре, кои ги фрлила на неколку различни места во градот.
Истрагата започнала кога деца ја пронашле неговата глава во парк, каде се играле. Подоцна во друг дел на градот биле пронајдени дланките и стапалата.
За неговите пријатели да не се прашуваат каде е, им рекла дека отпатувал на службно патување и праќала смс пораки од неговиот телефон.
„Кога ги најдовме неговите остатоци и го идентификувавме врз основа на ДНК анализа, глумеше ожалостена вдовица“, соопштил претставник на полицијата. „Но при форензичката истрага во нејзината куќа откриени се траги од неговата крв, како и делови од рскавица во тепихот и парчиња месо во бањата“, додал тој.
Полицијата вели дека Кесо се обидела да го искористи своето стручно знаење за да го избегне судењето за убиството, но била подложена на тестови кои покажале дека е ментално совршено здрава.
Сега го чека судењето во Мексико Сити, каде е обвинета за убиство на сопругот.40-годишната жена која претходно тврдела дека сопругот ја тепа, му ставила таблети за спиење во пијалокот, а потоа со пила го искасапила него