ГО НАРЕКЛЕ АВТОПАТ НА СМРТТА: Ќе ве згрози поради кое злосторство го доби името!

Кога се зборува за воени злосторства, често не може да се слушне многу за тоа што се случувало во текот на Заливската војна во почетокот на 90-тите.Можеби би ве изненадило да слушнете дека најголемото злосторство во таа борба всушност го извршиле американските сили за време на повлекувањето на ирачките војници. Тоа денес е познато како инцидентот наречен „Автопат на смртта“, а се случил во февруари 1991. година.
Ирак на 22. февруари 1991. година го прифатил советскиот предлог за прекин на огнот, кој би им овозможил да ги повлечат своите трупи од Кувајт. Меѓутоа, администрацијата на Џорџ Буш не поверувала дека ирачката влада навистина ги прифатила тие услови.
Во текот на вечерта на 26. февруари 1991. година, ирачката војска формирала огромна колона и започнала со повлекување користејќи го автопатот 80, кој ги поврзувал Ирак и Кувајт. И тогаш коалиционите сили нападнале.
Американската и канадската авијација го бомбардирала и предниот и задниот дел од колоната, за да го спречат повлекувањето.
Во наредните неколку часа, коалиционите сили фрлиле стотина бомби на заробените војници, убивајќи ги сите и уништувајќи ги сите возила на видик.
Кога сонцето излегло следното утро, автопатот бил преполн со возила и илјадници тела. Овој пат од тогаш бил наречен „Автопат на смртта“.
Американската влада одбила да ја признае својата бруталност и дури се обидела да го прикрие ова очигледно воено злосторство.
И покрај обидите на американската администрација да кажува други приказни во медиумите, вистината на крајот излегла на виделина. Американските команданти никогаш не биле официјално обвинети или казнети за своите постапки.

The Highway of Death, 32 km west of Kuwait city, looks even worse than Mad Max movies : pic.twitter.com/7bHf7C9CBT
— Tohad (@sylvainsarrailh) May 11, 2016
Можеби би ве изненадило да слушнете дека најголемото злосторство во таа борба всушност го извршиле американските сили за време на повлекувањето на

Пронајдете не на следниве мрежи: