Го носев дресот на Македонија со голема љубов – Легендарниот ракометар оди во пензија

Стевче Алушовски реши да каже крај, овој пат навистина. Човекот кој одбележа повеќе од две декади репрезентативен спорт во Македонија в недела го игра последниот меч во кариерата. Нема шанси да го премислуваат пак, нема шанси повторно да се врати.
„Ова е моето последно обраќање кон вас како играч. Сум ви се обраќал од почетокот на Македонија, од нејзиното осамостојување. Останувам во спортот, но ја завршувам играчката кариера. Можам да се пофалам дека 21 година бев активен репрезентативец на Македонија. Јас сум можеби единствениот со толкав стаж во Македонија. Горд сум што го направив тоа, го носев дресот на Македонија со голема љубов, беспрекорно играв и се борев. Малку ми е тешко сега, има многу емоции. В недела е мојот проштален меч, се надевам ќе заврши триумфално и оваа селекција ќе се пласира на ЕП“, рече десното крило.
Стефче Алушовски несомнено е најтрофејниот македонски спортист во колективните спортови. Тој во кариерата има освоено 23 пехари – 13 првенствени и 10 купа. Беше дел од сите големи натпреварувања на репрезентацијата, освен на последното, кога пред СП во Шпанија беше избришан од претходниот селектор Звонко Шундовски.
„Големо благодарам на сегашниот селектор Обрван и на новото раководство на РФМ што добив шанса за настап и за проштален меч. За разлика од некои луѓе порано кои не мислеа така. Знаете дека Стевче не беше присутен на СП. В недела подвлекувам црта на својата спортска кариера“, заврши легендарниот Аљуш.
Обрван соопшти дека Алушовски му бил на списокот за последните два квалификациски меча поради две причини.
„Првата е неговиот квалитет што го поседува, без разлика на годините. Втората причина е дека тој заслужува да биде во составот по сѐ што направи за Македонија. Затоа и треба достоинствено да се испрати. Стевче има полно материјал за и тој да напише автобиографија. Му честитам на успехот, му се заблагодарувам и му посакувам в недела да биде еден од најдобрите во тимот кој ќе го обезбеди пласманот на ЕП во Данска“, рече селекторот.Стевче Алушовски реши да каже крај, овој пат навистина. Човекот кој одбележа повеќе од две декади репрезентативен спор

Пронајдете не на следниве мрежи: