ГО ОДГЛЕДАЛЕ ХОМОСЕКСУАЛЦИ! Ова е неговата исповед!

Татко ми беше инженер во седумдесеттите години. Сериозен, избалансиран и со замислен поглед зад дебелите очила. Кристално јасно се сеќавам на денот кога ми најави дека ќе добиеме потстанар.Јас сум роден во 1969 година, во мирен дел на Белград. Моето детство, најверојатно ќе беше како и на секој друг, да не нè напуштеше мајка ми пред мојата втора година, за да оди во Италија да работи. Подоцна моите роднини, ми раскажаа дека ова се сЕ случило буквално преку ноќ, само се спакувала и си заминала, зад себе оставајќи само едно палто и една ноќница. Сеуште ги чувам. Ретко се јавуваше, понекогаш само ќе испратеше по некој пакет со средства за основни потреби, како да сме социјални случаи. Се сретнавме само неколку пати од нејзиното заминување, до денес, имам еден полубрат и една сестра, ги запознав, но ние едноставно сме странци. И тука завршува приказната.
Татко ми беше инженер во седумдесеттите години. Сериозен, избалансиран и со замислен поглед зад дебелите очила. Кристално јасно се сеќавам на денот кога ми најави дека ќе добиеме потстанар
-Ние имаме резервна соба, а јас не можам сам да се грижам за толку голем стан – рече тој.
Не му беше важно што јас мислам за тоа. Искрено, ми беше страв кој ќе дојде да живее со нас. Што ако тој/таа ги донесе неговите деца и тие ме малтретираат? Ништо од тоа не се случи. Дојде еден човек, малку постар од татко ми. Се преселил да живее во Белград и предава на О.Т.О. (општо техничко образование). Тој ми кажа дека неговите ученици во неговиот град го викале Уча, па можам и јас.

 Можам да кажам дека тоа беше добро време. Татко ми, поради природата на работата, често патуваше, и јас останував со Уча. Секое утро пред да оди на работа, тој ни правеше појадок, ми помагаше со математиката и геометријата, а во текот на летото ме носеше на риболов. Тој и татко ми играа шах со часови, тие беа ретки моменти во кои го гледав да биде безгрижен како дете.
 Во почетокот на осумдесеттите години за прв пат го слушнав зборот – хомосексуалци – и веднаш знаев што значи тоа. И тие приметија дека веќе ми беше јасно. Кога разбраа дека знам малку се дистанцираа од мене, како да им беше незгодно, но сепак и двајцата беа беспрекорни кон мене. Кога прв пат ме донесоа дрогиран дома, Уча беше оној кој ми објасни дека не се страшните последици од употреба на дрога доколку немам потенцијален за успех. Тоа ми беше последен пат да користам дрога.
Деведесеттите години ги поминав во странство, се вратив по бомбардирањето. Уча веќе одамна беше во пензија, а татко ми поради лошата здравствена состојба само повремено работел. Тие починаа, првиот татко ми па тој. Единствено сведоштво за нивната врска е разгледница на која мојот татко му ја испратил на Уча обраќајки му се со „Ти мој…..“.
И како ова влијаеше на мене? Еве јас сум жив, здрав и среќно оженет. На жената на почетокот и кажав од каков вид на семејство потекнувам, и таа немаше никаков проблем со тоа. Растеме две деца онака како што нас не растеле: со целосно разбирање, внимание и едукација. Јас не сум пореметен, ниту настран дури и не чувствувам омраза кон мајка ми – знам дека и таа знаеше, и за неа во тоа време беше единствено решение било да оди далеку.Јас сум роден во 1969 година, во мирен дел на Белград. Моето детство, најверојатно ќе беше како и на секој друг, да не нè напуштеше мајка ми

Пронајдете не на следниве мрежи: