Го убила свршеникот на денот на нивната свадба

Полицијата сè уште не пронашла мотив поради кој 31-годишната Дарсел посегнала по животот на својот свршеник.На самиот ден на венчавката, 31-годишната На Кола Дарсел Френклин од американската сојузна држава Пенсилванија се скарала со својот 36-годишен свршеник Били Рафаел Брустер и со нож го избола до смрт.
Инцидентот се случил во нивниот стан во градот Хокендаквија, јавува Асошиејтед прес.

Трагичниот настан се случил во саботата ноќта. Локалната полиција го нашла Брустер околу 2 часот наутро. Тој бил тешко ранет, изгубил многу крв и починал во блиската болница.

Свршеницата на Брустер веднаш по приведувањето била обвинета за убиство. На испрашувањето, како што јавуваат локалните медиуми, таа го признала убиството. „Не го убив намерно“, повторувала потресената Френклин.На самиот ден на венчавката, 31-годишната На Кола Дарсел Френклин од американската сојузна држава Пенсилванија се скарала со својот 36-годишен сврш

Пронајдете не на следниве мрежи: