Гоце Џуклески бара јавно извинување: Со факти и документи го разобличи Спасовски!

Откако беше прозван од техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес-конференција пред неколку дена, националниот кординатор Гоце Џуклески денеска испрати официјално писмо до Спасовски, во кое со факти, аргументи, докази и документи го демантира техничкиот министер.Во продолжение интегрално го пренесува отвореното писмо од Џуклески до Спасовски:
 
Г-дине Спасовски,
Би започнал со неколку реченици кои неодамна ги прочитав: „Малку незадоволство не подразбира желба за промена. Премногу незадоволство, пак, ја означува неспособноста да се изврши промена“. Вашето незадоволство, ја отслика  Вашата неспособност за промена до таа мера што  јавноста ја заслепувате со своите лаги и невистини.
Тргнете  го превезот од вашите очи, погледнете преку што одите, разбудете ја свеста, нека Ви проработи совеста. Само инстант-политичари можат да се служат со непроверени податоци, сервирани од своите „доушници“ (за кои и овој пат не би ги нарекол советници). За жал, ваквите политичари не ги исполнуваат критериумите ниту за технички персонал, а камо ли за министри кои би можеле да се носат со товарот на својот народ. Имено, Вашите евтини политички говори изобилуваат со отсуство за морална одговорност. Во оваа насока, во Македонија лагата оддамна го изеде идеализмот и им ги скрши срцата и рацете на оние кои посегаа по модел на пристојна, прогресивна и плурална политика.
Со ова писмо сакам јавно да Ви се обратам и уште еднаш да потврдам дека во  борбата помеѓу лагата и вистината, можеби лагата ја добива првата битка, ама вистината… последната. Па така, цитирајќи ве Вас презентирам контра аргументи, кои ќе го оправдаат Достоевски кога рекол: „Тој што се лаже себе си и ја слуша својата лага, тој доаѓа дотаму што никаква вистина ни во себе, ни околу себе не забележува“
1 цитат:…. евидентната злоупотреба и непочитувањето на одредбите од подзаконските акти, нормативните акти, коишто го регулираат начинот на користењето на обезбедувањето и на возилата во Министерството за внатрешни работи….Ќе ги соопштам имињата на луѓето кои имале обезбедување врз основа на усна наредба ( во низата се споменува и моето име)
Одговор: По претходно мој предлог, (архивски бр. 66-55 од 24.03.2009) за ангажирање на вработен од МВР на работно место – возач, упатен ми е работник на конкретното работно место, со решение бр. 14.3 – 21478/1 од 2.04.2009, потпишано од тогашниот министер. Ова го потвдува фактот декаНИКОГАШ НЕ СУМ ИМАЛ ЛИЧНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ, НИТУ ПАК НЕКОГАШ СУМ ПОБАРАЛ. Во оваа насока, возачот ги извршува работните задачи во текот на работното време, зависно секојдневните потреби и активности на Националниот координативен центар за гранично управување, а  истиот (во недостаток на човечки ресурси) понекогаш извршуваше и работни задачи поврзани со архивски и доставувачки активности.
2 цитат…. Овде во овој список којшто сме го добиле, сакам да Ве информирам…..
Одговор: Овој цитат е потврдување на горе наведеното дека „доушниците“, поведени од омразата што ја носат во себе, до крај не си ја завршиле работата, а Вас Ве ставиле во заблуда за да пласирате непроверени информации. Се прашувам, за какви советници станува збор? Одговорот нека си го дадат граѓаните.
3 цитат …. Исто така, е констатирана злоупотреба кај одредени раководни лица со 24 часовно користење на возила на Министерството за внатрешни работи….
Одговор: Повеќе  пати го слушав Вашиот говор на прес конференцијата, па гласно размислувам и Ве прашувам: Што сакавте со ова да кажете? Дали горе наведените, меѓу кои и јас ја правиме и таа злоупотреба? Ако тоа сте го мислеле, еве го мојот одговор: Од практични причини, Со одлука бр. 51-7785/1  од Владата на Република Македонија три возила, меѓу кои и возилото, кое лично го користам, се даваат на ТРАЈНО КОРИСТЕЊЕ НА МВР ЗА ПОТРЕБИТЕ НА НАЦИОНАЛНИОТ КООРДИНАТИВЕН ЦЕНТАР ЗА ГРАНИЧНО УПРАВУВАЊЕ. Возилата, претходно во законски пропишана тендерска постапка,  од страна на Владата на РМ беа набавени за потребите на Националниот координативе центар за гранично управување, со којшто јас раководам и сум именуван функционер на Владата на РМ, а не во МВР.

Почитуван технички министер Спасовски, ниту Вие, ниту Вашата партија, ниту било кој може да ја извалка мојата личност. Секој таков обид, со силата на аргументите во било кој миг, можам да го победам. И затоа од Вас барам, јавно и транспарентно пред јавноста да ми се извините за направениот превид, односно за лошото дефинирање на поимите од Ваша страна.
Според Ганди на светот има седум гревови: богатство без труд, уживање без карактер, трговија без морал, наука без хуманост, обожување без жртва и политика без принципи. Ви советувам добро да размислите за секој од нив, а особено за последниот, којшто во иднина би Ве дефинирал во улогата на МОРАЛЕН ПОЛИТИЧАР. Ако продолжите вака, очигледно сте залутале во оваа професија.
 
Национален координатор
Д-р Гоце ЏуклескиВо продолжение интегрално го пренесува отвореното писмо од Џуклески до Спасовски:
 
Г-дине Спасовски,
Би започнал со н

Пронајдете не на следниве мрежи: