ГОДИШНИНА ОД ДЕПОРТАЦИЈАТА НА БИТОЛСКИТЕ ЕВРЕИ

Со плакета за градоначалникот, во знак на огромна благодарност, директорот на музејот на Холокаустот на Евреите во Македонија, ја изрази големината на значењето на сите чекори, заложби и комплетната поддршка која градоначалникот Талески ја дава за реализација на проектот „Меморијален парк на Евреите од Монастир/Битола“. Денешниот ден, потсетува на една болна историја, на депортацијата на голем број еврејски семејства, но истовремено дава и надеж за големината на луѓето кои сакаат да дадат свој придонес кон успешна реализација на започнатиот проект кој е од големо значење како за културата и историјата на Битола, така и за големината на овој град кој соодветно ги негува, чува и заштитува вредностите. 
 
„Големо задоволство е да се биде тука со градоначалникот на Битола и со толку многу партнери од коалицијата која што ние всушност овде ја градиме. Имавме прекрасен разговор со градоначалникот за иднината на проектот и за сите партнери кои што се подготвени да подадат рака на помош. Она што нас ни се случува во Израел е прекрасно, тоа е токму овој проект на Битола кој што поддршката ја добива од Владата на Израел, од многу организации и институции, вклучувајќи универзитети, фондации и невладин сектор. Убеден сум дека со партнерите кои што ги имаме овде, кои што ги имаме таму и оние кои што ни се приклучуваат од светот ќе успееме да направиме една вистинска промена – овде во Битола. Многу сум среќен  што денес со нас го имаме и првиот донатор кој што почнува со првата скромна финансиска донација наменета за садење на дрвцата во паркот за семејствата на  жртвите на Холокаустот. Меѓутоа, нив – донаторите ќе ги имаме и летово кога и физички ќе дојдат да работат. Се работи за господинот Ханс Јоаким Шолц кој што е пастор на регионалната протентантска црква на Баден“,изјави Н.Е Дан Оријан – Амбасадор на Израел во Македонија.
Денешниот ден секоја година го продлабочува сеќавањето на трагичното минато на еврејската заедница во Битола, но достоинствениот помен подразбира обврска за иднината. Општина Битола, токму во таа насока, настојува за момент да ги намали лузните, да придонесе кон оддавање на должната почит кон оние кои тоа навистина го заслужуваат.
„Традиционално овие денови се собираме да оддадеме должна почит на еден голем, историски, но трагичен настан кој што се случил пред повеќе децении, кон жртвите, невините семејства кои што настрадаа во Холокаустот. За Битола, податоците зборуваат дека се работи за околу 3200 наши сограѓани кои што биле депортирани. Од тој ден се чувствува една голема празнина во градот. Се работи за жртви на една погубна политика, на еден период, кој што 20 – век го одбележа со многу трагедии. Она што се случуваше во тој период посебно се одрази на Балканот, се разбира и во Битола. Но, за да можеме за момент во некој мал процент да придонесеме за намалување на болката, бидејќи во меморијата на Битола ова никогаш нема да се избрише, ние, благодарение на амбасадорот кој што имаше прекрасна иницијатива, заедно со останатите чинители се одлучивме да поддржиме еден многу значаен – важен проект. Битола има големо културно историско наследство, лузни кои зборуваат за историјата на Битола, а една таква лузна се и еврејските гробишта во Битола. Благодарение на амбасадорот и поддршката од Владата на Република Македонија, Министерството за култура, Фондот на Холокаустот и сите останати кои се собравме ова да го направиме, цениме дека на некој начин барем ќе ја ублажиме болката и барем во еден дел ќе исполниме дел од празнината која што постои во Битола“, изјави градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески.
Присутната делегација, заедно со градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески и други гости положија свежо цвеќе на Споменикот на протераните Евреи и народниот херој Естреја Овадија Мара.
 
  
 
„Големо задоволство е да се биде тука со градоначалникот на Битола и со толку многу партнери од коалицијата кој

Пронајдете не на следниве мрежи: