Гога Секулиќ: Игор ми почина на раце

Игор Рамовиќ во неделата му подлегна на ракот на дебелото црево додека лежеше во болница во Хајделберг, а како што пренесува српски Курир тој починал во рацете на својата сопруга Гога.
Само два месеци откако го изговорија судбоносното „да“, Гога Секулиќ и Игор Рамовиќ не стигнаа да уживаат во брачната идила. Игор почина од рак на дебелото црево, а фолк пејачката била со него до последниот момент.
-Ве молам јавете ми се малку подоцна. Предмалку почина маж ми. Ви благодарам на разбирањето, рекла Гога за српски Курир, кога новинар се јавил да ги потврди информациите за смртта на Игор и да и израси сочувство.
Рамовиќ боледувал од рак на дебелото црево. Фатално било тоа што болеста била откриена предоцна и само во рок од неколку дена почнале да му откажуваат внатрешните органи.
-Брзо по свадбата Игор почна да чувствува болки во стомакот, а откако беше на лекар му дијагностицираа рак на дебелото црево. Тој отиде на операција во Германија за која беа потребни 20.000 евра, но болеста толку брзо напредуваше што немаше ни време за операција, вели добро информиран извор, близок до двојката.
Тој додава дека Гога постојано била со него буквално до последната секунда. Тој починал додека Гога му раскажувала како ќе одат на меден месец откако тој ќе оздрави. Се трудела да му влее малку надеж, но се било залудно.
Откако Игор починал, Гога морала да добие инјекција за смирување и да остане под медицински надзор.Игор Рамовиќ во неделата му подлегна на ракот на дебелото црево додека лежеше во болница во Хајделберг, а како што пренесува српски Курир тој почин

Пронајдете не на следниве мрежи: