Ѓоко Василевски е избран за претседател на Советот на Општина Демир Хисар

Со 7 гласа „ЗА“ од владеачкото мнозинство, 3 „ПРОТИВ“ од СДСМ и 1 „ВОЗДРЖАН“ глас на советникот од НСДП, Советот на Општина Демир Хисар, на редовната 44. седница, избра нов претседател. Дипломираниот електро инженер Ѓоко Василевски, советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е новоизбраниот претседател кој ќе го води Советот до крајот на овој мандат.Пред изборот на Василевски за претседател, Советот го водеа Кире Ристевски и Јосиф Ристевски кои поднесоа оставки заради настанат конфликт на интереси. Нивните оставки предизвикаа кандидатски поместувања во персоналниот состав на Советот, па така, нивните места ги пополнија Дејан Босилковски и Саше Темелковски, известуваат од Општината.
Со овие поместувања, значително се „исцрпи“ изборната листа на Коалицијата „За подобра Македонија“ на која што остана неангажиран само уште еден кандидат. Инаку на денешната редовна седница, советниците разгледаа и усвоија уште 7 документи во изворна надлежност на Советот.
Пред изборот на Василевски за претседател, Советот го водеа Кире Ристевски и Јосиф Ристевски кои поднесоа оставки заради настанат конфликт на интер

Пронајдете не на следниве мрежи: