Ѓоковиќ донесе неочекувана одлука по елиминацијата од ЛОИ во Рио!

Прерано завршија Летните олимписки игри во Рио за најдобриот тенисер на денешницата, Новак Ѓоковиќ.Србинот во сингл конкуренција загуби уште во првото коло од Мартин дел Потро, а утрово заедно со својот партнер Зимоњиќ беа елиминирани од бразилската двојка Мело-Суарез во машки двојки.
По овој неуспех, во витрините на Ноле сè уште ќе стои само сребрениот медал од Игрите во Пекинг пред осум години.
Несомнено од него српската јавност очекуваше најмногу, го сметаа за најголемиот нивен фаворит за златниот медал, а Ѓоковиќ по двата порази во Рио донесе потполно неочекувана одлука.
Тој го откажа настапот на претстојниот мастерс-турнир во Синсинати, одлука по која целата тениска јавност остана вчудовидена бидејќи токму трофејот во Синсинати засега е единствениот неосвоен од српскиот тенисер.Србинот во сингл конкуренција загуби уште во првото коло од Мартин дел Потро, а утрово заедно со својот партнер Зимоњиќ беа елиминирани од бразилск

Пронајдете не на следниве мрежи: