Гол маж со години ги тероризира соседите, а полицијата ништо не му може

Жителите на една населба во Северна Каролина пријавиле во полиција маж кој во последните десет години ги провоцирал соседите така што потполно гол стоел на влезот од својот дом.Секако, полицијата не можела да стори ништо по ова прашање бидејќи не се работи за кршење на законот, бидејќи мажот се наоѓа на својот имот.
Згрозените  соседи во текот на годините безброј пати го пријавувале соседот, и по се изгледа дека пријавувањето тој го прифатил како предизвик, па по неколку пати неделно организира изложба на своето голо тело.„Во петокот фрлав ѓубре во кантата и погледнав кон неговиот дом. Стоеше таму, сосема гол“, ­ раскажува неговата сосетка Пеколиа Трет.Полицијата објаснува дека едно лице може да се казни само доколку  ги покажува гениталиите на јавно место или во присуство на еден или на повеќе лица.Родителите, пак, сметаат дека законот треба да се менува за да ги заштитат своите деца, и се надеваат дека фотографиите од човекот ќе помогнат законот да се промени што побрзо.

Секако, полицијата не можела да стори ништо по ова прашање бидејќи не се работи за кршење на законот, бидејќи мажот се наоѓа на својот имот.

Пронајдете не на следниве мрежи: