„Гола Месечина“ – Место прилепчани, вечерва на сцената ќе настапат гостите од Белград

Вечерва, 23.6.2016 година, на сцената на „Гола месечина“ место прилепчани ќе застанат гостите од Белград, кои ќе ја играат претставата „Елинг“. Причината за промената на распоредот е инцидентна обврска на еден од актерите од Белградскиот драмски театар.Улогите во претставата „Елинг“ од Сајмон Бент, во режија на Марко Манојловиќ, ги толкуваат Павле Пекиќ, Љубомир Бандовиќ, Слободан Ќустиќ, Иван Томиќ, Јелена Ќрурувија-Ѓурица/Наташа Марковиќ.
Чудните машки парови секогаш биле фасцинантен дел од популарната култура. Двајца мажи во пар, без своите „поубави половини“ се непотполни и несовршени, па многу е полесно да се прикажат сите нивни мани. Тие се како стара брачна двојка – толку навикнати на друштвото на другиот, што веќе не ни можат да замислат да бидат разделени.
Ваквите односи без сомнеж го привлекуваат нашето внимание и, пред сè, не забавуваат. Тоа не значи дека тие не влијаат на нас – можеме да ги сожалуваме, да им се воодушевуваме и сигурно, како во случајот на Елинг и Кјел Барне, по претставата да излеземе добро расположени“, вели за „Елинг“ режисерот Манојловиќ.
Инаку, „Елинг“ е норвешки филм, кој во 2002 година е кандидиран за Оскар. Станува збор за топла човечка приказна со елементи на црна комедија, која дошла и на театарската сцена. Театарската адаптација на филмот „Елинг“ својата премиера ја имала во Буш театараот во Лондон во 2007 година. Елинг во 2008 година е прогласена за најдобра нова комедија од страна на англиската публика и е номинирана за престижната награда „Оливие“ истата година.
До 29-ти јуни, колку што трае фестивалот, публиката ќе има можност да види уште една претстава од Србија и 4 од Македонија. Претставите почнуваат во 21:00 часот, а влезот за граѓаните е бесплатен.Улогите во претставата „Елинг“ од Сајмон Бент, во режија на Марко Манојловиќ, ги толкуваат Павле Пекиќ, Љубомир Бандовиќ, Слободан Ќуст

Пронајдете не на следниве мрежи: