Голем број христијани присуствувале на прославата на Бадниковата вечер во Витлеем

Неколку илјади христијански верници дојдоа во библискиот град Витлеем, кој според преданијата е родниот град на Исус Христос, за да присуствуваат на прославата на Бадниковата вечер, пренесува МИА.На централниот плоштад во градот беше поставена голема елка, а цел простор беше украсен со бели и жолти светла.
И мала група христијани од Газа стигна во Витлеем, бидејќи претходно добиja дозвола да мине преку територијата на Израел, на пат кон Западниот брег. Тие беа дочекани со аплаузи и извици на одобрување.
Латинскиот патријарх Фуад Твал, главниот римокатолички поглавар на Светата земја, ја предводеше процесијата од своето ерусалимско седиште во Витлеем, минувајќи низ израелскиот бетонски ѕид на раздвојување, што го опкружува поголемиот дел од градот.
– Се надевам дека следната година нема да го има ѕидот на раздвојување, и се надевам дека место него ќе има мостови на мирот, рече Твал, кој ја служеше и полноќната миса во Црквата на Христовото раѓање.На централниот плоштад во градот беше поставена голема елка, а цел простор беше украсен со бели и жолти светла.
И мала група христијани од

Пронајдете не на следниве мрежи: