Седум композиции, седум различни расположенија, видени низ призмата на седум извонредни музичари. Вака накусо може да се опише албумот „Седум приказни“ на македонскиот тапанар и композитор Гоце Стевковски, кој конечно ќе доживее и Голем концерт во Скопје! На 27 ноември во Македонската опера и балет во 20,30 часот, Стевковски и неговата музичка дружина во состав: Трајче Велков – труба, Кире Кузманов – алт-саксофон, Иван Иванов – тенор-саксофон и флејта, Александар Икономов, контрабас, Дамир Имери – клавијатури и Сашко Николовски – тромбон, ќе одржат концерт на кој ќе бидат отсвирени прекрасните џез-теми сместени на албумот „Седум приказни“ кој светлината на денот ја виде минатата година, издаден за „Пасворд продукција“, а првата концертна промоција ја имаше на културното „Скопско лето“ во Сули-ан во Старата чаршија.
Големиот концерт во Македонската опера и балет на сцена ќе ги донесе седумте композиции со кои Гоце Стевковски конечно заплови и во водите на творештвото, и тоа е уште едно негово поле на интересирање во кое тој извонредно се снаоѓа. Бидејќи, одамна се познати неговите креативни вештини како тапанар и како член на повеќе македонски бендови. Но, македонската публика, овој пат ќе има можност да слушне и нови, досега необјавени творби кои ќе ја најават и идната звучна патека на бендот на Стевковски составен од афирмирани музички имиња кои претежно дејствуваат во сферата на џезот.
Албумот „Седум приказни“ уште веднаш го привлече вниманието на музичката публика и на критиката. Опишан е како албум кој носи нов здив на македонската џез-сцена, како издание кое претставува прекрасен спој на минатото и сегашноста, како музика која зрачи со оптимизам, која поседува романтичарски поглед со манири на заводливост, со мирис на вљубеност. Вистинско освежување е спојот на музичарите кои учествуваат на албумот, но и кои ќе се појават на концертот во МОБ – дувачкиот корпус е составен од млади, но веќе афирмирани музичари кои доаѓаат од престижната школа од Грац и ја збогатуваат македонската џез-сцена со своите нови искуства, потоа контрабасистот Александар Икономов неколку генерации поназад ја поминал истата школа и еден период свиреше и живееше во Њујорк, а искусните Николов и Имери долг период се дел од биг-бендот и од нашиот музички живот, воопшто. Заедно со Стевковски, овие момци прават еден несекојдневен и мошне впечатлив спој од разновидни музички влијанија.Вака накусо може да се опише албумот „Седум приказни“ на македонскиот тапанар и композито