Стрип центарот на Македонија – Велес објави дека претставници на Рашката школа за стрип од соседна Србија бидат првите специјалните гости кои ќе учествуваат на годинашниот интернационален стрип салон „Велес 2016“ што ќе се одржи кон средината на октомври.Но ,листата на интернационалните гости се уште не е завршена и , најверојатно , ке се потполни од редот на учесниците на овогодинешниот стрип конкурс . Традиционално, од авторите од истиот конкурс ќе се изберат и домашните стрип автори кои ќе учествуваат на најреномираната стрип манифестација кај нас. Овој конкурс завршува на 20 септември, а заинтересираните може да се информираат на веб сајтот www.comiscenter.mk
Организаторите се задоволни од динамиката на пристигнати стрипови. На ланскиот конкурс пристигнале рекордни 228 дела од 42 држави а во моментов на пишување на текстот пристигнати се 181 стрип дела .Она што е забележливо е контунуираното зголемување на учеството на автори од нашата земја, не само од поновата ,туку и реактивирање на стрип автори од „средната генерација“ ,неправедно запоставени во минатото. Ова е уште еден доказ, нагласуваат во СЦМ, дека е неопходно ослободување од разни затворени кругови и отварање кон потребите на се побројната стрип сцена кај нас .
Интернационалниот стрип салон во Велес има клучно влијание за стимулирање на македонската стрип сцена овозможувајќи им контакти со стрип автори, фестивали и менаџери од други земји, како и место кадешто ги нацртале своите први стрипови. Репутацијата на истиот ги натера организаторите да овозможуваат негова промоција и во други градови, пред се Скопје како метропола.Наскоро ќе се се организираат два стрип настана во главниот град, а повеке детали тимот на СЦМ ке промовира во најскоро време.
Но ,листата на интернационалните гости се уште не е завршена и , најверојатно , ке се потполни од редот на учесниците на