ГОЛЕМ месечен хороскоп за март 2015!

Што ве очекува овој месец?Овен
Околу 20-ти март ќе имате чувство дека е време за промени, сега или никогаш, а ќе има толку многу ограничувања околу вас. Не пренесувајте го стресот од работата дома. Бидете спремни да најдете нови начини за добивање на финансиски средства. Една од препораките е да не се задржувате без потреба. Ако сте на раководна функција ќе имате многу конфликти. На поле на љубовта ќе треба да донесете многу важна одлука. Здравствено не се чувствувате лошо само сте многу нервозни.
Бик
Вие треба сериозно да размислите за тоа какви обврски прифаќате на работното место. Можеби не сакате ризични одлуки но сега е моментот за напредување во секоја смисла. Најголем напредок ќе имаат сите оние кои не се плашат и кои се подготвени да учат. Мора да бидете амбициозни само тоа е патот до успехот, разбудете се. Емотивната ситуација се подобрува, ќе има многу шанси. Но, започнете да вежбате.
Близнаци
До пари ќе дојдете само ако започнете со лична иницијатива на работното место. Сега е момент да преземете поголема одговорност на работното место и така да станете успешни. Се праваете сами. Љубовниот план ќе биде многу интересен. Во вашата природа е да се двоумите но овој месец тоа ќе биде многу изразено. Веќе некое време знаете дека одредена личност сака врска со вас но вие не сте сигурни. А од друга страна ви се нуди шанса да ја унапредите врската што ја имате. Па што сакате вие?

 
Рак
Ви нудат партнерство и соработка на секое место, но вие не знаете што да правите. Многу сте напнати, а сакате и дополнително да се информирате за се. Можно е да прифатите соработка со странски компании. Во домот вие станувате столб за сите членови на семејството, а секој разговор ќе биде конструктивен. Знаете дека врската ви е одлична.
Лав
Предизвиците на работа од секогаш ви биле важни и интересни. Сега ви е потребно внимание за да не започнувате непотребни работи. Не верувате на никого се додека добро не го проверите. Останете им верни на долгогодишните соработници, а на крајот на месецот ќе бидете наградени за тоа. На емотивно поле одеднаш се започнува да ви пречи и сакате саканата личност да се потруди за вас. Но, секој труд и напредок мора да биде взаемен, па ангажирајте се и вие. Одлично ви е здравјето.
Девица
Ќе ве нервираат личностите кои ќе ги сретнете на работното место, затоа што сакаат да покажат дека се модерни и добро извесетени за сите новитети на работа. Вие сте за стабилен и веќе проверен начин на работа. Но не се откажувајте ако сега не може никако да ги промените работите. Емоциите ви се комплицирани. Во исто време сакате да останете во врската во која што сте, а во исто време сакате да пробате и нешто ново.

 
Вага
Ве мачат лоши вести кои се поврзани со минатото…. Но сега е време да се прилагодите на иднината, планирајте за деловните и финансиските случувања, затоа што емотивно подобрување ве очекува дури следниот месец. Сега е многу појасно на кој начин може да стигните до напредувањето кое го посакувате. Изберете храбро и без лажна скромност. Љубовната ситуација ве мачи затоа што никако не може да се согласите со партнерот.
Скорпија
Материјалната ситуација на никого во вашето окружување не му е на завидно ниво, а вие сето тоа го прифаќате како личен неуспех. Морате да бидете реални во своите очекувања и да престанете да го сакате невозможното. Но оваа состојба е само привремена, затоа што првата недела од март ќе ви донесе многу подобри работи. Ќе има и убави случувања на љубовен план.
Стрелец
Не брзајте по секоја цена да отпатувате во странство. Можеби патувањето кое беше планирано за почетокот на март ќе биде одложено. Од 20-ти март се ќе биде полесно. Не го правете љубоморен својот партнер, од тоа вие може да имате повеќе штета, отколку корист. Ако ви се допаѓа додворувањето од соработник не зборувајте многу за тоа, или прифатете или молчете.

 
Јарец
Вие сте познати по тоа што ги предвидуваате работите на работното место… Тоа ви е дарба која многу ви помага. Ќе имате успех на својата работа но и заработка. Финансиите споро ќе доаѓаат, но сепак ќе дојдат… Може да донесете одлука да влезете во брак, или конечно да запознаете личност која целосно ќе ве фасцинира. Можни се болки во грбот.
Водолија
Март за вас изгледа како почеток на годината. Вие сте личност која треба да направи напор и иницијатива, а сите ваши напори секогаш се исплатат. Една шанса која ќе дојде на 21-ви март ќе ви донесе одлична заработувачка. Можно е да го промениете работното место. Ќе имате многу нови обврски но вие сте подготвени и способни за се. На емотивен план сте задоволни од врската во која се наоѓате и сфаќате дека ниту една врска не може да биде совршена и дека е подобро малку да се прилагодите. Ќе имате потреба од малку повеќе сон.
Риби
Препорака е во првата половина на март да не се занимавате со работи кои во голема мера се нејасни. Може погрешно да бидете протолкувани, или ќе има многу компликации.  Работите поврзани со креативна работа, водат до успеси и стабилност. Парите ќе ви дојдат од повеќе извори. Но добро е во текот на овој месец да започнете со инвестиции. Во љубовта сте многу среќни, полни со романтични изненадувања и нежности. Покажате ги чувствата. Овен
Околу 20-ти март ќе имате чувство дека е време за промени, сега или никогаш, а ќе има толку многу ограничувања околу

Пронајдете не на следниве мрежи: