Во ерата на проширување на истражувањата на геномите, способноста да се менува некој организам е добар начин да се истражат информации во внатрешноста на генот и да се види ако тие делуваат на биолошките функции во организмот.
Научниците од Универзитетот Висконсин усепале да го променат генот на овошните муви, кои покажале неверојатни облици на контрола, но и можност за наследување на промените предизивкани од генетскиот инжинеринг. Тие објаснуваат дека тоа им дало нов увид во сфаќање на биолошкиот систем.
-Инжинерингот на геномите ни дозволува да ја промениме функцијата на генот и тоа до такви детали какви што не беа возможни порано- вели Мелиса Харисон, професор по биомолекуларна хемија на гореспоменатиот универзитет и член на тимот на научници кои работат на овој проект.
Оштетувањето на поединечни гени долго време е начин на проучување на нивната улога во биолошките функции и болестите. Новиот пристап е заснован на молекули кои се заслужни за имунолошки одговор на бактерии.
-Ни беше потребно да смислиме техника со која можеме да предизивкаме одредени мутации кон кои целиме. И успеавме во тоа. Тоа е напредок кој сите научници го чекаа – вели Џил Вајлдлонгер, професор по биохемија на Универзитетот Висконсин и исто така член на тимот на овој проект.
Тој додава дека ова драстично ќе го олесни понатамошното истражување на гените.
-Многу е тешко да се создаде модел на гени со кој би се проучувале сите варијации поврзани со човечките болести. Со овој пристап, ако најдеме мутација на човечки ген на некоја клиника, можеме тој модел да го пренесеме на овошните муви и да видиме што ќе се случува на клеточно и молекуларно ниво. Така полесно ќе ги лечиме пациентите, додава Вајлдлонгер.Научниците од Универзитетот Висконсин усепале да го променат генот на овошните муви, кои покажале неверојатни облици на контрола, но и можност за н