Денес бевме сведоци на една голема еколошка катастрофа која се случува на езерото Мантово. Од страна на наши спортски и рекреативни роболовци во текот на целио ден добивавме повици дека на езерото Мантово се случува еден невиден досега помор на рибите, известува во соопштението за медиумите Риболовниот клуб Крап – Радовиш.Понатаму се вели:
„Излеговме на терен и ја увидовме состојбата – но. што видовме илјадници килограми риби пливаа изумрени на површината и со самите бранови донесени на брегот почнуват да се распаѓаат од високата температура.
Ова можеме да кажеме дека е една од најголемата еколошка катастрофа која се има случено на ова наше езеро, на која досега никој немаше реагирано до надлежните институции, овластените лица и правни субјекти.
Од наша морална одговорност како Риболовен клуб Крап кои досега имаме реализирано голем број на донации и порибување на оваа наше езеро, а со цел да се врати рибниот фонд и да биде едно прекрасно место за спортски и рекреативен риболов – моравме да реагираме и да ги известиме институциите и да излеземе на лице место – го известивме концесионерот кој стопанисува со рибниот фонд, инспекторатот, полицијата и другите институции.
Од самите изјави на нашите риболовци кои го посетуваат тој терен, ни кажуваат дека ова се случува во последните 3 дена и дека никој го нема посетено Мантово да земе примероци и да ја утврди состојбата – како и што била причината за угинување на рибите.
Апелираме веднаш да бидат превземени соодветни мерки со цел да се утврди причината за поморот на рибите, и да се најде сторителот на овој грозоморен чин.“
Понатаму се вели:
„Излеговме на терен и ја увидовме состојбата – но. што видовме илјадници килограми риби плив