Голем пожар го зафати јужниот дел на Австралија

Австралија се соочува со најголема опасност по смртоносните пожари во 1983 година. Изгорени се голем број куќи во јужниот дел од земјата.-Во овој момент, имаме пожар кој е многу опасен и кој гори под многу неповолни услови, изјави шефот на пожарникарската служба на Јужна Австралија Грег Нетитон.
Пожарот во Самсон Флет непречено се шири во сите правци и на сосема непредвидлив начин, а од вчера попладне се прошири од 154 хектари на 4.741 хектар на подрачје од околу 38 километри.
Густо населена со мали села, оваа област е позната по земјоделството и винариите, а има популација од околу 40.000 жители.
Досега се уништени пет куќи, а властите велат дека бројката може да се зголеми со оглед на тоа дека дуваат ветрови со брзина до 110 километри на час.
Во пожарите во 1983 година загинаа повеќе од 70 лица во државите Јужна Австралија и Викторија, а илјадници домови беа уништени.
Премиерот на Јужна Австралија Џеј Ведерил го повика населението во загрозените подрачја веднаш да се евакуираат, или доколку одлучат да останат, да се подготват за одбрана на своите домови.
Државите Нов Јужен Велс и Викторија подготвени се да помогнат на Јужна Австралија да се избори со пожарите, поради кои е прогласена состојба на елементарна непогода.-Во овој момент, имаме пожар кој е многу опасен и кој гори под многу неповолни услови, изјави шефот на пожарникарската служба на Јужна Австралија Г

Пронајдете не на следниве мрежи: