Со радост ве известуваме дека Граѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ ќе го одбележи Денот на Охридското Езеро, кој на 21 јуни 2015 година (недела), по петнаесетти пат ќе се прослави во Охрид.По тој повод, беа повикани месните заедници од крајбрежјето да се приклучат во голема акција за чистење на охридските плажи. Информацијата беше испратена до Општините Охрид и Струга и до ЗЕЛС.
На повикот се огласија следните месни заедници: Лагадин, Трпејца, Пештани, Љубаништа и Елшани.
„Секако дека се надевавме на многу поголем одѕив со оглед на тоа што Охрид е нивниот дом и граѓаните и локалната самоуправа би требало да ја користат секоја можна прилика за негово подобрување. Во секој случај, задоволни сме бидејќи ќе има повеќе пунктови на кои ќе се чисти – а по завршувањето на акциите, договорено е ЈП Комуналец да го собере отпадот“, пишува во соопштението на Охрид ЅОЅ.
Иницијативата има извонредна соработка со МЗ Лагадин, каде што освен акцијата за чистење ќе има и мала изложба на уметнички дела инспирирани од Охрид и неговата природа. Во акцијата ќе бидат вклучени и најмладите од заедницата, бидејќи нивната едукација е особено битна. Чистењето на животната средина не е само мала занемарлива активност или активност со мало влијание.
Ваквиот чин на освестеност за природата е пример за идните генерации, од кои зависи опстојувањето на човечкиот род на оваа планета. Природата ќе продолжи да постои со нас или без нас – затоа упорно порачуваме дека не ѝ требаме ние неа, туку таа ни треба нам.
Од таа причина треба да се научиме еднаш засекогаш да не ја сечеме гранката на којашто седиме и да имаме почит кон тоа што нè опкружува. Ние сме неразделен дел од природата, нејзин производ, кога ѝ наштетуваме неа си наштетуваме самите. Охрид ЅОЅ се бори и институционално за заштитата на Охридското Езеро и неговата околина, но свесни сме дека ваквите теренски акции се исклучително потребни, бидејќи едукацијата и практичните примери се едни од најважните аспекти во борбата за заштита на животната средина.
Воедно, во текот на утрешниот ден ќе ја објавиме и петицијата за заштита на Охридското Езеро и за стопирање на сите штетни проекти за урбанизација што може да значат и губење на заштитата од УНЕСКО, но и уништување на еден извонредно редок екосистем стар повеќе од 2-3 милиони години со над 200 ендемски и реликтни видови.
Охрид го викаме бисер, да покажеме дека вистински знаеме да се грижиме за едно вакво непроценливо богатство! Очекуваме голема посетеност и успешна акција утре. Се надеваме ако сте во Охрид ќе ни се придружите во 10:30 ч. на Студенчишко Блато – единствениот природен филтер на Охридското Езеро, единствената причина поради која езерото е сè уште живо. Зборно место е мостот кај каналот. Нашите активисти ќе бидат видливи со маици на кои ќе го носат нашето лого. Повеќе детали околу настанот на следнава врска.По тој повод, беа повикани месните заедници од крајбрежјето да се приклучат во голема акција за чистење на охридските плажи. Информацијата беше исп