Ден откако стигна веста за незапаметениот масакр во режија на Исламската држава во сирискиот град Диер Езор, пристигнаа информации за нов варварски чин на ИСИС во тој град, кој до неодамна се сметаше за „неосвоива тврдина“ на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад.Како што јавува агенцијата АФП, џихадистите по освојувањето на новата територија киднапирале најмалку 400 цивили, меѓу кои има извесен број на жени и деца.
„По нападот на Деир Езор во саботата, Исламската држва грабна најмалку 400 цивили од реонот Ал Багалиех и соседните подрачја во северозападниот дел од градот“ – објави Сириската опсерваторија за човекови права која е стационирана во Лондон, со голема мрежа на контакти на терен по цела Сирија.
„Грабнатите се сунити, а меѓу нив има жени, деца и членови на семејствата на прорежимските борци“ – наведе шефот на Опсерваторијата Рами Абдел Рахман.
Тој додаде дека заложниците се префрлени подлабоко на подрачјето кое се наоѓа под контрола на ИСИС.Како што јавува агенцијата АФП, џихадистите по освојувањето на новата територија киднапирале најмалку 400 цивили, меѓу кои има извесен број на жени



