Големиот брат ЈА ПРЕЗЕМА КОНТРОЛАТА: Дигитализацијата ќе го следи секој наш чекор!

Со укинувањето на аналогниот телевизиски сигнал, владата и големите корпорации сакаат да набљудуваат и да определуваат што ќе гледаме. Теоретичарите на заговор велат дека на тој начин ќе се управува со човечките мисли.Дигитализацијата е процес на префрлување од аналоген телевизиски сигнал на дигитален, поради добивање на подобар квалитет на сликата и звукот, но и поголем број на телевизиски канали. Барем така велат претставниците на власта од сите земји на светот. Меѓутоа, многу теоретичари на заговор веруваат дека крајната цел на промената на сигналот е нешто друго – воведување на надзор во секој дом во светот, манипулација со вестите и контрола на умот.
Процесот на дигитализација започна во 2000 година, на глобално ниво. Прва земја која целосно премина на новиот вид на сигнал е Холандија во 2006 година, а последни кои ќе го сторат истото се Индонезија и Куба до 2021 година.
Програма за контрола
„На интернет кружи видео на кое јасно се гледа дека во внатрешноста на дигиталниот конвертор се кријат микрофон и камера. Тие уреди се само дел од програмата за надзор на луѓето кои ги воведуваат владите и индустријалците преку таканаречениот процес за дигитализација во САД, Британија, но и во остатокот од светот“, пишува публицистот Пол Џозеф Вотсон.
Тој објаснува дека нема камера и мкрофон во секој уред, но сите тие се способни за следење на луѓето кои ги употребуваат.
Надзор
„Воведувањето на тие уреди за шпионирање во домовите ширум светот, без сомневање претставува една од главните причини што владите ширум светот го следат процесот на дигитализација и го гасат аналогниот сигнал.  На поголем дел од ТВ уредите им е потребен дигитален конвертор за да примаат нов сигнал. Со поставувањето на шпионските уреди, владите и корпорациите ќе имаат директен пристап во нашите домови. Тоа ќе биде вистинско доаѓање на Големиот брат, бидејќи во домовите на луѓето ширум светот ќе постојат орвеловски екрани кои ќе го контролираат секое наше движење“, пишува Вотсон.
Вотсон додава дека многумина се подготвени неговите тврдења да ги отфрлат како заговор, но сите тие луѓе забораваат дека американската влада, но и многу други влади, веќе биле приморани да признаат дека учествувале во шпионирање на своите граѓани.

„Дигиталните снимачи веќе содржат софтвер кој следи што сѐ снимаат и гледаат луѓето. Со тоа се прави нивен психолошки профил, база на податоци за нивните навики и се следи кои реклами им се допаѓаат, а кои не. Тие ги складираат тие информации и ги продаваат. А дека тоа не е завера, најдобро покажува податокот дека уредите забележале колку пати некој го премотал моментот кога за време на Супербоулот во 2003 година, на Џенет Џексон ѝ се открила дојката. На сличен начин ќе се бележи што гледа секој од нас, а во понапредните уреди постои и програма која го препознава секој член од семејството и ги мери неговите реакции на одредена програма“, пишува Вотсон.
Признание
Публицицистот Крис Албрехт верува дека таквото сценарио не е невозможно, бидејќи уште во 2008 година, на една конференција за дигитален сигнал, еден од шефовите на „Комкаст“ му рекол дека таа компанија експериментира со различни технологии кои би овозможиле камерите во одредени уреди да знаат кој точно се наоѓа пред телевизорот.
„Идејата е кога некој ќе дојде дома и ќе ја вклучи кабелската, уредот веднаш да го препознае лицето и во склад со неговите навики да пушти одредена програма. Кункел ми рече дека таквиот начин за надзор е свет грал на индустријата, бидејќи овозможува производство и продажба на персонализирани огласи. Како што објасни, системот е сѐ уште во експериментална фаза, но во 2008 година на големо се работеше на неговиот развој“, напиша Албрехт.
Постојат теоретичари кои се порадикални во размислувањата. Така, публицистот д-р А. Тру От, тврди дека ДТВ уредите се всушност минјатурни верзии на ХААРП антените и дека целта на нивната употреба е да имаат целосна контрола над луѓето и да воспостават нов светски поредок.
Еден теоретичар, кој на сајтот „Вистина и светлина“ го употребува корисничкото име david1057, вели дека причината за воведување на дигитализација е помрачна од едноставната продажба на реклами.
„Ова е време на измами, а дигиталниот сигнал овозможува лесна манипулација со сликата и во реално време. На пример, можно е да ни прикажат терористички напад кој всушнот никогаш се нема случено и со него да оправдаат повод за некоја нова војна. Освен тоа, главна причина за дигитализацијата е надзор над луѓето“, тврди тој.Дигитализацијата е процес на префрлување од аналоген телевизиски сигнал на дигитален, поради добивање на подобар квалитет на сликата и звукот, но и

Пронајдете не на следниве мрежи: