Големите модерни обетки можат да бидат и опасни

Од пред неколку години големите обетки се многу модерни. Не е важно дали се округли или овални, само да се импресивни. Стилистите велат дека сите дами ги носат не обрнувајќи  внимание на предупредувањата на лекарите – големите обетки може лошо да влијаат на слухот.
Од носењето на премногу големи обетки, дупките на мекиот дел на увото може да се прошират толку многу, што може дури и да се расцепат. Поради оваа причина, некој од дамите посетуваат пластичен хирург, каде што сакаат да го “зацврстат” мекиот дел на увото, за да можат слободно да носат големи обетки. Сепак лекарите предупредуваат дека освен естетски, може да се појават и сериозни здравствени проблеми. Откако ќе се расцепи дупката на увото, може да дојде до инфекција, крварење, но исто така и до губење на слухот, тврдат стручњаците. Големите обетки носете ги само на официјални прилики, советуваат лекарите.
Од пред неколку години големите обетки се многу модерни. Не е важно дали се округли или овални, само да се импресивни.

Пронајдете не на следниве мрежи: