Големо незадоволство меѓу членовите на Централниот одбор на СДСМ

Големо незадоволство меѓу членовите на Централниот одбор (ЦО) на СДСМ во пресрет на најавениот програмски конгрес на 13ти декември во недела.Според информациите добиени од висок партиски функционер, членовите на ЦО сѐ уште не ги добиле материјалите за конгресот, задача која била обврска на Генералниот секретар Оливер Спасовски кој сега е технички министер за внатрешни работи и воопшто не ги ни подготвил.
Конгресот првично требало да се одржи на Скопскиот саем, но поради катастрофалната состојба во СДСМ и слабиот интерес меѓу делегатите и членството раководството се решило конгресот да се префрли во хотелот Александар Палас.
Но и ова место најверојатно ќе биде сменето поради очајната состојба во која се наоѓа партијата и демотивираноста на членството и конгресот најверојатно ќе се одржи во хотелот Холидеј Ин. Оваа постапка на СДСМ постарото членство ја примило како уште една приватна забава на Зоран Заев и најтесното крило.
Последните анкети на најрелевантните агенции во светот покажаа дека неговиот рејтинг за само неколку месеци се намалил за дури 30% а СДСМ и натаму има двојно помал рејтинг од ВМРО-ДПМНЕ. Уште полоши резултати покажала анкетата кој за потребите на СДСМ ја изработила една рејтинг агенција која важи за исклучително блиска до партијата.
Според неа, СДСМ го очекува повторување на резултатите од минатогодишните избори што според експертите е главна причина поради која СДСМ ќе стори се изборите во април воопшто да не се одржат.Според информациите добиени од висок партиски функционер, членовите на ЦО сѐ уште не ги добиле материјалите за конгресот, задача која била обврска

Пронајдете не на следниве мрежи: