Google е во потрага по храбри, креативни поединци кои сакаат да се приклучат и да бидат дел од креирањето на иднината на Glass.
„Ние би сакале секој да биде истражувач на ова поле. Сеуште сме во раните фази, и како што неможеме да ветиме дека се ќе биде совршено, можеме да ветиме и дека ќе биде возбудливо“, изјавуваат од Google.
Користејќи Google+ или Твитер, кажете што ќе направите доколку го имате Glass (Стакло), со употреба на хаштагот # ifihadglass:
1. Вашата апликација да биде 50 или помалку зборови
2. Мора да вклучите #ifihadglass во вашата апликација
3. Можете да го вклучите до 5 слики со вашето барање
4. Можете да вклучите кратко видео (15 секунди максимум)
5. Бидете сигурни дека не следите на Googlе+ (+ProjectGlass) или Твитер (@ projectglass), така што можеме да ве контактираме директно
6. За да аплицирате, мора да бидете најмалку 18 години и да живеете во САД
7. За повеќе информации, на следните линкови Terms and FAQ
“Крајниот рок за пријавување е 27 февруари. Ако сте избрани, ќе стигне до вас покана да станете Glass истражувач (не заборавајте да не следите, за да можеме да ве контактираме директно).
Истражувачите ќе треба претходно да имаат порачано Glass Explorer Edition за 1500 $ плус данок и да присуствуваат лично на посебна манифестација за избор во Њујорк, Сан Франциско или Лос Анџелес“, додаваат од Google.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Google е во потрага по храбри, креативни поединци кои сакаат да се приклучат и да бидат дел од креирањето на иднината