Компанијата Boston Dynamics пушти видео на YouTube од нивниот најнов робот со кучешко име (Spot), кој оди на четири нозе, тежи околу 70 килограми и кој истовремено плени и застрашува со своите вештини.За разлика од неговата претходна верзија наречена Big Dog, Spot е способен да се движи по нерамен терен и да се качува по скали. И да, тој е тивок, што не би ни можеле да забележите дека се наоѓа во ваша близина, пренесе The Verge.
Овој робот никако не може да се дестабилизира, што го докажува и видеото од компанијата Boston Dynamisc, во кое неколку вработени го клоцаат за да падне настрана.
Уште една добра страна е тоа што роботот е дизајниран да биде од корист во спасувачки мисии, при мапирање на опасни зони, потраги и сл.
Погледнете го видеото и проценете сами за што сѐ е способен Spot:За разлика од неговата претходна верзија наречена Big Dog, Spot е способен да се движи по нерамен терен и да се качува по скали. И да, тој е тивок,
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.