Од пред извесно време се шушка околу платформата Adobe Flash и тоа колку е ранлива кон напади, бавна и речиси непотребна.Само пред неколку месеци, Google предложи план за прекин на употребата на производот на Adobe и премин кон побрза и безбедна функционалност во HTML5.
На почетокот на овој месец, компанијата претстави готов план за постепено запирање на одржувањето на Flash елементите на страниците.
Придобивките кои ќе ѝ ги донесе на корисничката база ќе се изразуваат главно во поголема безбедност, побрзо вчитување на страници и подолг живот на батеријата на преносните уреди.
Ерата на миленикот на сите едноставни Flash игри веќе е зад нас, а сѐ помалку сајтови го користат за реклами или интерактивни анимации.
Според извештајот на компанијата, над 90% од елементите кои сѐ уште ја користат технологијата се специфични алатки за анализа.
Првата верзија на Google Chromе која го започнува процесот, ќе биде пуштена за корисничката база во септември, а најамбициозниот дел од настојувањето – првото целосно преминување кон HTML5, ќе се случи со надградбата во декември.
Одлуката на Google се пречекува со целосно позитивни чувства, како од корисничката заедница, така и од развивачите на софтвер и експерти за безбедност.
Компанијата работи на начин кој ќе им помогне и на луѓето кои немаат технички знаења, за да разберат точно што значи оваа промена за нив.Само пред неколку месеци, Google предложи план за прекин на употребата на производот на Adobe и премин кон побрза и безбедна функционалност во HTML