Горазд Росоклија е новиот претседател на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование

Новиот состав на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование, кој е надлежен за обезбедување и оценување на квалитетот на високото образование во Република Македонија, денеска одржа конститутивна седница.Согласно со член 70 од Законот за високото образование, новиот состав на Одборот има 23 члена, со мандат во траење од четири години. За претседател на Одборот од страна на членовите е избран академик,  проф. д-р Горазд Росоклија.
Од 23-те членови на Одборот, девет се од редот на професорите избрани од Интеруниверзитетската конференција, двајца членови се од Македонската академија на науките и уметностите, еден претставник на најрепрезентативното тело на работодавачите, два члена од интеруниверзитскиот парламент на студентите и девет члена именувани од Владата (од кои најмалку шест од професорите на високообразовните установи).
Одборот е самостојно тело кое утврдува дали со проектот за основање на високообразовна установа и поднесената документација се исполнети условите за вршење високообразовна дејност; одлучува за акредитација на научна установа која сака да врши високообразовна дејност на студии од втор и трет циклус на студии; утврдува дали високообразовната установа ги исполнува условите за организирање студии за нови студиски програми и го утврдува капацитетот за студирање на високообразовната установа.
Одборот дава акредитација на студиски програми; најмногу на секои пет години го следи и оценува квалитетот на вршењето на високообразовната дејност, научноистражувачката, уметничката и стручната работа, на академскиот кадар и на студиските програми на високообразовните установи и врз основа на оценката ја продолжува или одзема акредитацијата.
Врз основа на извештаите од надворешната евалуација на високообразовните установи, ја следи исполнетоста на условите на високообразовните установи на кои им е дадена акредитација и одобрение за почеток со работа и врз основа на тоа може да ја одземе акредитацијата; води евиденција за акредитираните високообразовни установи и за други акредитации; дава препораки потребни за подобрување на нормативите и стандардите за вршење на високообразовна дејност и врши други работи утврдени согласно Законот за високото образование.Согласно со член 70 од Законот за високото образование, новиот состав на Одборот има 23 члена, со мандат во траење од четири години. За претсе

Пронајдете не на следниве мрежи: