Во љубовниот однос, манифестираната љубомора е емоција која го навредува и понижува оној што ја манифестира, и тоа чувство на пониженост пред партнерот и пред самиот себе, никогаш не исчезнува.Вистински настан, раскажан од мој другар!
………….Имав 22 години, таа 20, и бевме во четвртиот ден од врската. Сретнавме заеднички пријател кој вербално се однесуваше невкусно интимно со неа, а таа таквото однесување го прифати со срдечно смеење. Ја отпратив до дома и следниот ден не и се јавив. Ме праша зошто и јас и кажав како сум се чувствувал во тек на нивниот разговор. Таа беше упорна и повторно излеговме.
Врската траеше една година и ни беше фантастично.
Јас длабоко во мене знаев дека не успевам да поминам преку ,,четвртиот ден“, дека никогаш нема да поминам, и одлучив да ја оставам.
Тоа е една од најболните одлуки што сум ги донел во животот, а за неа беше вистински шок. Еднаш ја сретнав на улица и ми се пресекоа нозете, сеуште ја сакав. Знам дека нашите животи после тоа, во голема мера беа одредени од тоа мое оставање.
Научив две работи. Прво, дека во моментот кога почнуваме врска, некои емотивни односи од минатото сеуште се присутни и треба не толку време колку продалбочување на емоциите со партнерот, за се друго да избледи и исчезне. И второ, дека моето чувство на љубомора ме понижи пред неа и пред самиот себе…………………..“
Сомнежот дека вашата жена (маж) е, или сака да биде со друг(а), само по себе го исклучува вашето верување дека ве сака.
Љубовта се случува и живее само кога постои апсоултна доверба.
Не може да се дадете со резерва, само безрезервното давање е љубов.
Во врска во која сте исклучиво заради љубов, ваквиот сомнеж треба да е доволен да ја напуштите врската, да си одите.
Вистината е небитна, битно е вашето неверување во искреноста на љубовта на партнерот, неверување кое никогаш нема да се трансформира во доверба и ќе биде генератор на мачнина до самиот крај.
Во оној момент кога ќе му кажете на партнерот дека не му верувате, не верувате дека ве сака, верувате дека го привлекува некој друг… Доживувате понижување, го девалвирате целиот однос, не мислите дека сте сакани заради вашите вредности туку молите да ве сака.
А љубовта не се добива ниту со присила ниту со измолување.
Во тој момент врската почнува да умира без шанса да се врати на чистотата на односот пред тоа.
Љубовта прави да го чувствуваме и мирисаме животот.
Почнувајки со првиот момент од нашата заљубеност, светот околу нас се трансформира и добива смисол кој го немал пред тоа.
Кога сме заљубени и кога сакаме, осаменоста исчезнува, времето запира, животот не е ништо друго освен љубов, а извесноста за крајот на животот бива заменета со чувство за негово вечно траење.
Доволно е само едно зрно на љубомора за да го уништиме најубавото што ни се случува, и при тоа воопшто не знаеме дали некогаш ќе ни се повтори.
Има многу објаснувања за генезата и механизмите на сексуалната љубомора и секое од тие објаснувања може да е исто онолку точно колку и неточно.
Невронауката е возбудлива затоа што секој ден откриваме нешто ново за функционирањето на мозокот, но сЕ додека не го разбереме во целост, нема да знаеме кои сме и зошто дозволуваме негативна емоција како љубомората да ни го уништи најубавото што во животот ни се случува, љубовта.Вистински настан, раскажан од мој другар!
………….Имав 22 години, таа 20, и бевме во четвртиот ден од врската. Сретнавме заеднички при