Ѓорчев: Македонија беше под удар, но стоеше исправено

Жителите на Тетово денес поврдија дека се за избори. Членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев вечерва од Тетово каде ги започна активностите на терен истакна дека повеќе нема бегање и дека Македонија ќе гласа.-Чекавме, бевме трпеливи. Избегаа прв пат, избегаа втор пат, трет пат нема каде да бегаат. Во декември гласаме и во декември победува ВМРО-ДПМНЕ со Коалицијата. Вчера се собравме од цела Македонија и порака е дека на 11 декември ќе гласаме повторно Никола Груевски да биде премиер. Порака до цела Македонија – 63 пратеници за унитарноста на Македонија, за уставниот поредок на Македонија, за безбедноста на Македонија, Македонија да биде сигурна и стабилна, истакна Ѓорчев.
Тој истакна дека конечно после две години опструкции и удар од СДСМ каков што во Македонија немало, ќе се оди на избори.
-Направија удар под кој што многу поголеми држави и посилни ќе попуштеа. Македонија не попушти. Македонија беше удирана, но стоеше исправено. Македонскиот народ и граѓаните беа предизвикани, ласирани беа специјални операции против Република Македонија од страна на оние кои тргнаа во целата оваа лакрдија наречена рушење на Владата. Можам да ви кажам дека имаше неколку обиди за рушење на Владата внатре во Собранието и формирање на ново парламентарно мнозинство. Не успеа, затоа што СДСМ не можеше да собере 62 пратеници, посочи Ѓорчев.-Чекавме, бевме трпеливи. Избегаа прв пат, избегаа втор пат, трет пат нема каде да бегаат. Во декември гласаме и во декември победува ВМРО-ДПМНЕ со

Пронајдете не на следниве мрежи: