На граѓаните на Република Македонија им е преку глава од пролонгирањето на кризата во која што СДСМ ја втурна државата.Интегрален текст од прес конференција за медиуми, одржана од Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Граѓаните се повеќе се спротиставуваат на заложништвото во кое што СДСМ и структурите на Сорос ја држат Македонија и затоа рејтинзите на опозицијата вртоглаво паѓаат. СДСМ и структурите на СОРОС го знаат тоа и затоа сега се обидуваат лицемерно да ја сменат сликата за себе и наместо вистинскиот лик на деструктивци и генератори на кризата, да се прикажат како некакви миротворци.
Македонија има капацитет и ќе го пронајде излезот од сегашната состојба. Тој излез сигурно не е продолжување со манипулациите и хипокризијата која што СДСМ ја демонстрира секојдневно. Целта на СДСМ и Соросовите структури е пролонгирање и продлабочување на дестабилизацијата, деструкцијата и кризата. СДСМ и СОРОС мора да се откажат од насилствата и од деструкцијата. СДСМ и СОРОС мора веднаш да престанат да ги малтретираат граѓаните со блокирање на улиците и брутално уништување на јавниот имот. СДСМ и СОРОС мора веднаш да ја надоместат штетата што ја направија, уништувајќи ги објектите на институциите и спомен обележјата.
СДСМ за прв пат во својата историја треба да се обиде да направи програма и наместо деструкција да понуди нешто конструктивно за сопствениот народ. СДСМ треба да прифати јавно дека народот е тој што одлучува во Република Македонија и само народот може да му го даде мандатот на тој што ќе ја води државата.
Зоран Заев и неговата криминална дружина од Глобал, треба веднаш и безусловно да поднесат барање до Претседателот Иванов за поништување на аболицијата на Црвенковски. Аболицираниот Зоран Заев мора да одговара пред судовите за криминалот тежок 8 милиони евра. Доколку Зоран Заев не го стори тоа, треба веднаш да си поднесе неотповиклива оставка од функцијата претседател на СДСМ. Во македонската политика нема место за политичари кои се аболирани за милионски криминал.
Исто така и сопругот на Радмила Шекеринска мора веднаш и без одлагање да си поднесе барање за деаболиција и да одговара за криминалното издавање на становите сам на себе. Станува збор за пари кои влегувале во семејниот буџет на Радмила Шекеринска. Доколку сопругот на потпретседателката на СДСМ не поднесе барање, таа треба да си поднесе оставка од партиската функција и да се повлече од политичката сцена. Во случај Заев и Шекеринска да одлучат да се кријат и да молчат околу поднесување на барањата за деаболиција, ВМРО-ДПМНЕ го повикува Јавното Обвинителство да отпочне постапки за одземање на криминално стекнатиот имот, бидејќи законот мора да важи за сите подеднакво и не смее да се дозволи само заради партиските функции некому да му биде дозволено да замине неказнето со незаконски стекнатиот имот. Овие точки се многу едноставни и правични и со нивно исполчнување, СДСМ може да докаже дека кај нив постои волја во иднина да се откажат од деструктивната политика.
Овие точки се базирани на основните принципи на демократијата и владеење на правото и ги поддржуваат мнозинството од граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ од своја страна нема да чека и да остави судбината на државата да зависи само од добрата воља на Зоран Заев и структурите на СОРОС.
Продолжуваме со несмалено темпо да работиме на отварање на нови работни места и реализација на проектите што им ги ветивме на граѓаните. Во наредните денови ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди пакет клучни реформи во областа на медиумите и правосудството согласно препораките на Европската Комисија и извештајот на Прибе, а јавноста навремено ќе биде информирана.Интегрален текст од прес конференција за медиуми, одржана од Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Граѓаните се повеќе