Оливер Спасовски повторно ја лажеше целата македонска јавност. Оливер Спасовски мора да си поднесе оставка поради манипулациите со криминално – полициската местенка, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Влатко Ѓорчев, член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ
Граѓаните веќе немаат доверба во него. Оливер Спасовски не само што со денови криеше дека заменик министерот Диме Спасов бил нападнат, туку граѓаните се уверија дека лажеше дека имало снимка во која што наводно се потврдувало дека немало напад.
Напротив. Целата јавност можеше да се увери од снимките дека станува збор за насилен напад од страна на лица со криминални досиеја кои што на семафор удираа по автомобилот во којшто се превезуваше заменик министерот Спасов. Целата јавност можеше да се увери дека не станува збор за случаен инцидент. Насилниците со дебели полициски, криминални досиеа стоеја зад алфите на Оливер Спасовски. Дали им даваа команди или се координираа не можеше да се утврди, но очигледно е дека луѓе со десетици кривични пријави за тешки кривични дела не беа предмет на интерес на алфите, туку нивна цел беше заменик министерот Диме Спасов. Своето оружје, и своите пиштоли ги насочија кон него.
Оливер Спасовски на скандалозната прес конференција на која што приватно си ги покани само медиумите под контрола на СДСМ и Сорос кажа дека немало кривично – правен настан. Кој даде наредба да се вади оружје и да се применуваат средства на присилба кон заменик министерот Диме Спасов кога не постоел кривично – правен настан ? Оливер Спасовски треба и мора да одговара за лагите и сценаријата. Оливер Спасовски е срам за македонската полиција.
Оливер Спасовски, исто како и неговиот лидер аболицираниот Зоран Заев, во серија ја лажат македонската јавност. Оливер Спасовски и СДСМ, поддржани од медиумите под нивна контрола лажеа дека постои некаква афера со возачки дозволи. Оливер Спасовски и СДСМ поддржани од медиумите под нивна контрола лажеа за наводна афера со лични карти се додека не се откри Фабриката за афери на нивниот сопартиец Чауш.
Оливер Спасовски и СДСМ инсталираа партиски послушници и лица со дебели криминални досиеја во Алфите и на други високи позиции во МВР и резултатите веќе ги гледаме и тие се поразителни. Граѓаните се свесни и загрижени дека нивната безбедност е препуштена на самите нив бидејќи единствениот фокус на Оливер Спасовски и СДСМ е конструирањето на афери.
Овој срам кој што Оливер Спасовски и го нанесе на полицијата може да се извади само со оставка. Оставка од него и од командатот на алфите којшто тој незаконски го постави.Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Влатко Ѓорчев, член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ