?????? ??????? ?????? ?? ????????????? ???????? ?? ???, ?-? ?????? ??????

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев присуствуваше на 28-от Конгрес на ЦДУ, кој се одржуваше во Карлсруе, Германија.Ѓорчев беше дел од делегацијата на партиите членки на Европската Народна партија (ЕПП), која што е најголема политичка групација во Европа.
За време на Конгресот оствари билатерална средба со Ханс Герт Петеринг, претседател на фондацијата Конрад Аденауер и поранешен претседател на Европскиот Парламент (16.01.2007 год.-13.07.2009 год.).

На средбата со потпретседателот на Европската Народна партија (ЕПП) и европарламентарецот кој е од редовите на ЦДУ, г-дин Дејвид Мекалистер се зборуваше за интеграцијата на Македонија во Европската Унија.
Оваа тема беше доминантна и во разговорот со Хуберт Хупе, парламентарец во Германскиот Бундестаг. Исто така, Ѓорчев оствари средба и со меѓународниот секретар на ЦДУ, д-р Бертил Венгер на која беше дискутирано за билатерална соработка на ВМРО-ДПМНЕ и ЦДУ.
Главна тема на 28-от Конгрес на ЦДУ беше актуелната состојба со бегалците и мигрантите, заедно со состојбите во европската и германската економија.
На Конгресот свое обраќање имаше германската канцеларка Ангела Меркел, како и останатите водечки луѓе на ЦДУ.
Ѓорчев беше дел од делегацијата на партиите членки на Европската Народна партија (ЕПП), која што е најголема политичка групација во Европа.

Пронајдете не на следниве мрежи: