Големите горештини во Славонија (Хрватска), ја земаа и првата жртва. Илија М. (45) од Штитар, во вторникот отпатувал за Гуња за да му помогне на пријателот да ја обнови куќата.И покрај фактот што температурата била околу 40 °C и што лекарите предупредиле дека треба да се избегнува престојот на отворено, реновирањето на куќата не застанало.
Илија М., работел на санација на покривот и во еден момент, кога веќе било пладне, се спуштил од покривот за да оди да се напие вода и да се освежи.
Откако се напил вода и малку се полеал по глава, паднал на земја и останал неподвижно да лежи. Пријателите го пронашле во таква положба и веднаш повикале Брза помош. Но, тие само можеле да ја констатираат неговата смрт.
Илија добил срцев удар. Може да се претпостави дека тоа се случило кога се полеал со ладна вода. Односно, неговото тело доживеало шок поради високата температура која му го загреала телото, а полевањето со ладна вода ја влоши ситуацијата.
Честото консумирање течности и престојот во сенка, се основна заштита од топлотен удар.И покрај фактот што температурата била околу 40 °C и што лекарите предупредиле дека треба да се избегнува престојот на отворено, реновирањето н