Ѓорѓе Војновиќ назначен за Главен извршен директор на Триглав Осигурување

По добивањето на согласноста од Агенцијата за супервизија на осигурување на Република Македонија, за именување на г. Ѓорѓе Војновиќ за член на орган на управување на Триглав Осигурување АД, Скопје, Одборот на директори на компанијата, на 17 ноември 2015 година, го назначи г. Војновиќ за Главен извршен директор на Триглав Осигурување АД.Одборот на директори на Триглав Осигурување АД, Скопје на својата 105-та седница, одржана на 17 ноември, 2015 г. го назначи г. Ѓорѓе Војновиќ за Главен извршен директор на компанијата, откако Агенцијата за супервизија на осигурување на Република Македонија ја даде својата согласност за именување на г. Војновиќ за член на орган на управување на компанијата.
Триглав Осигурување со г. Војновиќ добива искусен менаџер, но и соработник, кој ги почитува вредностите за коишто се залага и коишто ги гради и самата компанија, професионалност, експертиза, едноставност и одговорност.
„Ми претставува огромна чест и задоволство што сум повторно дел од тимот на Триглав Осигурување”, изјави во оваа прилика г. Војновиќ.
„Убеден сум дека заедно со Извршниот директор, г-ѓа Сања Танчевска и вработените во Триглав Осигурување, кои посветено и професионално се соочуваат со секојдневните предизвици, ќе придонесеме за зголемен обем и квалитет на услугите за нашите клиенти, како и што прилега на еден лидер во осигурувањето, а следствено на тоа и постигнување на уште подобри резултати на компанијата”, дополни г. Војновиќ.Одборот на директори на Триглав Осигурување АД, Скопје на својата 105-та седница, одржана на 17 ноември, 2015 г. го назначи г. Ѓорѓе Војновиќ за Гл

Пронајдете не на следниве мрежи: