Ѓорѓевски: Не можете како црковен достоинственик да барате политиката да се меша во црковен спор

Кога апелирате да се меша политиката во целиот црковен спор тогаш е тоа недозволиво. Тоа е голем престап кој го прави Вранишковски т.е. српската страна што стои зад ова и таа го барала тој да излезе со ваков став, вели уредникот во „Дневник“ Бранко Ѓорѓевски во вестите на ТВ Нова.-Не можете како црковен достоинственик да барате политиката да се меша во црковен спор, а тој тоа го бара во своите интервјуа, додаде Ѓорѓевски.
Според Ѓорѓевски, Вранишковски не бара притисок од српската политика за СПЦ да ја прифати афтокефалноста на МПЦ, но бара од македонските политичари да ја притиснат македонската црква.
-И едното и другото е недозволиво, тоа е голем грев што го прави, а нему очигледно тоа не му пречи. Тогаш за каква одделеност на црквата од државата може да станува збор, прашува Ѓорѓевски.-Не можете како црковен достоинственик да барате политиката да се меша во црковен спор, а тој тоа го бара во своите интервјуа, додаде Ѓорѓевски.

Пронајдете не на следниве мрежи: