Ѓоргиевски: Фудбалската Академија е голем чекор напред за Вардар

Тоа е само прв чекор напред, и ова не е направено само за сега, туку и за идните генерации. Производство на играч е процес кој трае 10 години“, вели Ѓоргиевски.За успешно функционирање на фудбалска Академија на еден клуб несомнено се потребни и услови. Со тоа се согласува тренерот  на младинските категории на Вардар, на генерацијата 2002 година Петар Ѓоргиевски. Искусен тренер кој што 25 години ги мина во Вардар како фудбалер, а потоа и како тренер на сите категории на младинската екипа, на сениорската екипа, на Б тимот на Вардар.
Што за Вас претставува работата со младински категории во Вардар?
„Сум бил тренер на сите младински категории на Вардар. Уживам во работа во млади категории и едноставно тоа ме исполнува. За мене е голем предизвик, и нема подобро чувство кога ќе видам дека еден играч кој сум го тренирал игра во сениорска конкуренција, со успех го носи дресот на Вардар, на репрезентацијата“, вели Ѓоргиевски.
Кои познати играчи сте ги тренирале низ младинските категории на Вардар?
„Кај мене беа Дарко Глишиќ, Петар Петковски… Во минатото беше и Бобан Грнчаров, сегашниот капитен на сениорската екипа. Сите тие се или биле репрезентативци, сега стандарни играчи во нашиот клуб. Вардар од секогаш имал талентирани и добри играчи кои што сега се дел од селекцијата на Македонија, или од Вардар и некои други големи клубови“.
Што значи за Вас како тренер фудбалската Академија во која што најмладите имаат одлични услови да се развиваат?
„Академија е нешто големо направено за овие деца. Јас сум 25 години во Вардар и како играч и како тренер, досега ништо вакво никој не направил. Ова е прв чекор нагоре. Во фудбалот некој мислат дека се прави нешто за една година или две. Прозводство на играч е процес од 10 години кој не смее да се запостави. Академијата е направена одлична, но не треба да застане тука. Туку треба да се надоградува. Вардар никогаш немал три-четири терени за работа, немал Академија. Сега има и терени за работа, и свој фудбалски Камп. Навистина услови како што може само да се посака“.
Каков е процесот на формирање на еден играч во Академијата?
„Клубот мора да има стратегија, односно Академијата и школата. Тие треба да направат стратегија како еден играч ќе се произведе. Прелевање од една генерација од друга, мислам дека не е добра во помладите категории. Кадети и младинци се веќе формирани, подготвени да играат дури и за првиот тим и таму е друго. Околу менувањето на тренерите, мислам дека децата и треба да ги менуваат тренерите. Затоа што доаѓа до заситеност и на релација тренер – играч, и на играч – тренер. Во секој случај треба да има стратегија, фудбалски гледано. Исто така сметам дека треба посилни натпревари првенствени, и учевство во силни турнири. Многу се важни инвестициите, ако нема инвестиции тешко дека Вардар ќе направи нешто. Ги следам и младите категории на некои други земји. Тие произведуваат, но исто така и ангажираат играчи и од други клубови“.
Каков е интересот кај децата да бидат дел од Вардар?
„Интересот е многу голем за фудбалот, мислам дека многу поголем од порано. Секако дека условите придонесуваат за големиот интерес. Исто така корисна работа е формирањето на Вардар Јуниор Лигата. На пример земавме деца од таму, ете јас во мојата генерација имам деца од Охрид или од Валандово кои полека, полека се вклопуваат. Но, за напредок во фудбалот не треба само Вардар, туку и другите клубови да вложуваат и да произведуваат играчи“
 
Како Вашата генерација го старуваше првенството оваа сезона?
„Овие деца кои ги тренирам јас се пред категорија на помладите пионери. Се натпреваруваме во Лига со 11 клубови составена од тимови од Скопје и од Куманово. Во четирите меча имаме три победи. Во Куп сме активни, со Гостивар ни следува реванш после победата од 2:1. Засега добро одиме, и очекувам да имаме уште подобри резултати“, изјави Ѓоргиевски.За успешно функционирање на фудбалска Академија на еден клуб несомнено се потребни и услови. Со тоа се согласува тренерот  на младинските кате

Пронајдете не на следниве мрежи: