Кривичните постапки на СЈО се тенденциозни и целосно политички мотивирани. Сите акции кои ги превзема СЈО се во насока рушење на угледот на ВМРО-ДПМНЕ и неговото раководство. Барањата за притвор за раководството на ВМРО-ДПМНЕ поднесени до апелација се обид за притисок врз судот да не ги поништи неоснованите одлуки за одземање на патните исправи на истите, велат од ВМРО-ДПМНЕ.-Мерките за обезбедување на присуство побарани од СЈО за раководството на партијата се целосно неосновани, без докази и крајно неаргументирани. Раководството на ВМРО-ДПМНЕ нема намера да се впушта во бегство, затоа што не сторило ниту едно кривично дело и секогаш работело според Устав и закон. Дека тоа е така доказ е и образложението на првостепен суд каде што се образлагаат мерките за одземање на патните исправи, а каде истиот не наоѓа и не наведува ниту една причина за одземањето, а тоа е очигледно е донесено под политички притисок, истакна Орце Ѓорѓиевски.
Лицата од раководството на партијата, додаде тој, се луѓе со дигнитет и интегритет кои уживаат голем углед како во Македонија, така и надвор, истите поради својата партиска функција често се на патувања, од почнувањата на постапките против нив до сега биле неколкукратно надвор од државата и ако сакале да избегаат тоа можеле до сега да го сторат безброј пати.
-На граѓаните и на сите општествени чинители во државата им е совршено јасно дека СЈО работи под директен диктат на СДС. Обвиненијата на СЈО се само преповторен наратив од пресконференциите на Заев и служат единствено за оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ и за тоа се служат со сите методи и притисоци. ВМРО-ДПМНЕ го охрабрува судот и го потсетува дека тој треба да работи исклучиво по закон и Устав и никако поинаку. Судот како репрезент на третата власт не смее да подлегнува и одлучува по сугестии и притисоци, подвлече Ѓорѓиевски.-Мерките за обезбедување на присуство побарани од СЈО за раководството на партијата се целосно неосновани, без докази и крајно неаргументирани. Рак