Горивата ќе поскапуваат

Нафтата поскапи и денеска, како влијание на силна побарувачката и несигурност во Сирија. Вредноста на лондонската сорта Брент поскапе до 56,4 долари за барел а американската лесна сурова нафта достигна 53.37 долари за барел. Во однос на вчерашниот ден, барелот денеска е поскап за цел долар.За македонски услови тоа се лоши вести. Цената на лондонската нафта која се увезува во Македонија во моментов е поскапа за скоро 7 долари по барел. Селдната корекија регулаторот ќе ја изврши во вторник, поради празниците, а новите цени ќе почнат да важат од среда.
За очекување е да има поголемо поскапување на дизелот а за неколку денари нагоре ќе оди и цената на бензините.
Минатиот понеделник дизелот поевтини за 1,5 денари а цената на бензините остана непроменета.Во моментов литар ЕУРОДИЗЕЛ се точи за 50,5 денари, ЕУРОСУПЕР БС 95 за 65 а ЕУРОСУПЕР БС 98 за 67 денари.За македонски услови тоа се лоши вести. Цената на лондонската нафта која се увезува во Македонија во моментов е поскапа за скоро 7 долари по барел.

Пронајдете не на следниве мрежи: