ГОТОВИ ДОДЕКА ДА ТРЕПНЕШ: Мини пици без потреба од киснење на тестото

Брзи меки и без потреба од дигање на тестото.Состојки:
за тесто:
600 гр брашно
1 прашок за пециво
10 гр свеж квасец
половина лажичка шеќер
половина лажичка сол
50 гр путер
100 мл кисела павлака или јогурт
250 мл вода
2 големи лажици маслиново масло
Фил
200 гр шунка, печеница или врат (по желба)
200 гр кашкавал
10 лажици доматно пире или кечап
1 лажичка оригано
10 маслинки
Подготовка:
Измешајте го брашното и прашокот за печиво, направете вдлабнатина и во него ставете квасецот, шеќерот и малку млака вода. Почекајте квасецот да почне да нараснува, па додадете сол, путер, павлака и месете тесто со додавање на вода. Пред крај додадете маслиново масло и мешајте додека не стане меко тестото.
Од тестото направете 5 дела, па секој на уште пола поделете го за да испаднат вкупно 10 еднакви делови од тестото. Од секое парче тесто направете топче па со сукало или со раце раширете го во круг со размер 12 см. Наредете во 2 тепсии со по 5 парчиња. Секое кругче потиснете го со помало лонче така што во средината да остане вдлабнатина.
Вклучете ја рерната на 200 степени.
Саламата и сирењето изрендајте ги и почнете со нанесување на филот. Прво кечап, па кашкавал, шунка, маслинки и на крајот оригано.
Печете 20 минути на 200С.
 
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и животни искуства, можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук, а може да станете и член од групата на Најадисе на Фејсбук каде може да споделите ваш омилен рецепт.Состојки:
за тесто:
600 гр брашно
1 прашок за пециво
10 гр свеж квасец
по

Пронајдете не на следниве мрежи: