Готово е за пејачот?! Ја признал најголемата лага во својата кариера!

Се до сега , Робин Тик во јавноста тврдеше дека заедно со Фарел Вилијамс го напишал најголемиот хит во својата кариера „Blurred Lines“, но поради тоа што двајцата музичари моментално се бранат дека не направиле плагијат на песната на Марвин Гај, Робин признал дека немал никаква врска со пишувањето на хитот.Американските таблиоди откриле дека Робин Тик и Фарел Вилијамс се бранат од тврдењето дека нивната песна „Blurred Lines“ е плагијат на песната на Марвин Гај од 1977 „Got to give up“.
Но, сега кога пред законот треба да го докажат своето авторство, Робин Тик одлучил во вистинско време да признае дека тој немал никаква врска со создавањето на големиот хит .
Робин во досегашните интервјуа се фалеше дека Фарел и тој ја напишале песната за половина час, веднаш ја снимиле и признале дека песната на Марвин им била инспирација.
Но сега Робин признава дека не бил вклучен во пишувањето на песната како што до сега твдрел и рекол дека тогаш бил на силни таблети за болки и алкохол, додека Фарел работел на песната.
„Бев љубоморен и сакав некои права. Подоцна се обидов сите да ги убедам дека тоа е и мое дело, а всушност Виклијамс ја напиша скоро целата песна сам“, рекол Робин.
„Бев пијан и на таблети кога дојдов во студиото. Колку што се сеќавам, сакав да бидам повеќе ангажиран отколку што бев во тој момент, а девет месеци подоцна, песната стана огромен хит и сакав да имам некои права над неа“, раскажал пејачот во судот.Американските таблиоди откриле дека Робин Тик и Фарел Вилијамс се бранат од тврдењето дека нивната песна „Blurred Lines“ е плагијат на

Пронајдете не на следниве мрежи: