Како Градоначалник на Општина Карбинци уште во мојата изборна програма како приоритет го нагласив осовременувањето и унапредувањето на квалитетот на воспитно-образовниот процес со цел да се произведат млади стручни кадри од нашата општина кои ќе бидат конкурентни на пазарот на трудот.Поаѓајќи од таа цел, во текот на изминатите 3 и пол години се реализирани голем број проекти со чија што реализација значително се подобри квалитет на наставата во ООУ „Страшо Пинџур“- Карбинци, како и во останатите подрачни училишта кои гравитираат на територијата на Општина Карбинци, при што од Буџетот на општина Карбинци вложени се вкупно 8.473.271,00 МК денари.
Од почетокот на оваа учебна година учениците од ООУ„Страшо Пинџур“ – Карбинци наставата ја следат во сосема нови, далеку попријатни услови благодарение на реконтрукцијата и санацијата на училишните згради.
Така, извршена е промена на кровната конструкција, стариот азбестен кров е заменет со нов кровен покривач за која што активност средствата беа обезбедени од Влада на Р.Македонија. Во централното училиште беа реконструирани санитарните јазли (машки и женски), како и соблекувалните во спортската сала за што средствата исто така ги обезбеди Владата на Република Македонија, а реконструкцијата траеше од месец Јануари до месец Јуни 2016 година.
Понатаму, во подрачното училиште во с.Таринци направена е промена на влезни врати и прозорци во помошните училници, како и оградување на училишниот двор со средства кои ги обезбеди Општина Карбинци во вкупна вредност од 1.274.142,00 МК денари.
Во подрачното училиште во с.Радање во периодот од месец септември до месец декември 2014 година се изврши оградување и уредување на училишниот двор исто така со средства обезбедени од Општина Карбинци, како и промена на влезната врата на училишната зграда и промена на прозори на училниците со средства обезбедени од ООУ „Страшо Пинџур“-Карбинци во вкупен износ од 1.767.598,00 МК денари.
Во подрачното училиште во село Крупиште во 2013 година се изврши оградување и уредување на училишниот двор со средства обезбедени од Општина Карбинци во вкупен износ од 2.892.718,00 МК денари.
Во периодот од месец јануари до месец мај 2016 година се изврши санација на влага со комплетна реконструкција на училишната зграда, глетовање и молерисување на внатрешните ѕидови и се изработи нова фасада на училишна зграда. Средствата се обрзбедени од Општина Карбинци во вкупен износ од 2.538.513,00 МК денари.
Со реконструкцијата и санацијата на училишните згради уште еднаш потврдивме дека работиме домаќински и одговорно и дека се залагаме за создавање на оптимални услови за непречено одржување на наставата како за учениците, така и за наставниците како основни носители на воспитно – образовниот процес.
Сакам да нагласам дека како локална власт и понатаму остануваме на цврстата определба да продолжиме да инвестираме во вакви и слични проекти, бидејќи тоа е предуслов за просперитетна иднина на нашите поколенија и нашата држава и лично јас како Градоначалник максимално ќе се залагам континуирано да се усовршуваат условите во кои се одвива воспитно-образовниот процес во нашата општина како предуслов за генерирање на млади и образовани кадри како креатори на иднината на нашата општина.
Поаѓајќи од таа цел, во текот на изминатите 3 и пол години се реализирани голем број проекти со чија што реализација значително се подобр