Градот Скопје остро реагира на паушалните тврдења и невистините пласирани денеска од страна на СДСМ, во врска со мерките што Градот Скопје ги презема за намалување на загадувањето на воздухот.Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата на Град Скопје.
Сакаме да нагласиме дека Градот Скопје ги презема сите можни мерки за намалување на загадувањето на воздухот што се во надлежност на локалната самоуправа.
Еве дел од мерките што се преземаат за да се спречи зголемувањето на вредностите на полутантите во воздухот:
– На градските улици се аплицира средството калциум магнезиум ацетат, за да се намали ситната прашина (ПМ10 и ПМ 2,5 честичките). Ова средство не се нанесува само во услови на голема влажност во воздухот (над 80 отсто), температури пониски од минус 10 Целзиусови степени и во услови на врнежи од снег и дожд.
– Коловозите околу градилиштата редовно се мијат за да се отстрани прашината.
– Се вршат засилени контроли и вонреден инспекциски надзор на емисиите на штетни гасови од инсталациите што подлежат на Б-интегрираната еколошка дозвола, за кои е надлежен Градот Скопје. Од мерењата констатирано е дека сите инсталации се придржуваат кон пропишаните вредности на емисии, односно нема пречекорување на дозволените вредности.
– Се вршат засилени контроли и вонреден инспекциски надзор и на градилиштата, во согласност со Законот за јавна чистота, при што се изречени повеќе од 120 казни против правни и физички лица.
– На сила е посебен сообраќаен режим за тешките товарни возила чија крајна дестинација не е градот Скопје. Тие треба да ја користат скопската обиколница.
– Течат активностите за издавање Б – интегрирани еколошки дозволи и одобрување Елаборати за заштита на животната средина.
– Се контролираат системите за затоплување на административните и јавните установи.
– Воведена е гасификација на 4 средни училишта на Град Скопје.
– Воведен е автоматизираниот систем за контрола и управување на сообраќајот (ЦУКС) кој е од голема помош за намалување на сообраќајниот метеж и брзо празнење на сообраќајниците и крстосниците.
– Забрзано се градат и реконструираат велосипедски и пешачки патеки во градот, како дел од проектот СКОПЈЕ ВЕЛОГРАД 2017.
– Градот набави и стави во функција електровелосипеди, електроскутери и електроавтомобил како превозно средство за градската администрација.
– Градот Скопје поднесе и иницијатива до Владата на Република Македонија да се намали ДДВ-то од 18 на 5 отсто за набавка на пелети и печка на пелети.
На градската Интернет-страница за граѓаните е достапна и брошура за квалитетот на огревното дрво што се користи за затоплување на домаќинствата, која е поделена и на скопските општини, а тие, во соработка со месните и урбаните заедници ја делат брошурата на граѓаните.
Во деновите со зголемена загаденост, а во согласност со издадените препораки, Градот Скопје го зголемува бројот на автобусите на ЈСП за да ги поттикнеме граѓаните да ги остават своите возила и во што поголем број да користат јавен превоз.Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата на Град Скопје.
Сакаме да нагласиме дека Градот Скопје ги презема с