Град Скопје: Градската плажа „Камен мост“ престана да функционира поради градежните работи кои се одвиваат на овој потег на реката Вардар

Град Скопје реагира на прес-конференцијата на членот во Советот на Град Скопје од редовите на ЛДП, Зоран Шапуриќ, поврзани со работа на градските плажи во Скопје.Градот Скопје сака да потенцира дека градската плажа „Камен мост“ престана да функционира поради градежните работи кои се одвиваат на овој потег на реката Вардар. Сакаме да нагласиме дека пред нејзиното затворање, целокупната урбана опрема и елементи кои можеа да бидат отстранети, беа демонтирани без оштетувања и доставени во депоата на градските јавни претпријатија.
Околу мислењето на г-дин Шапуриќ за успешноста на овој проект, како и за успешноста на работата на градската плажа „Градски парк“, сакаме да потенцираме дека интересот и посетеноста на истата е голем. Самите градски плажи се само еден дел од генерелно проектираниот концепт за развој на спортско-рекреативниот амбиент долж двете страни на кејот на Реката Вардар, од Општината Карпош до Општината Аеродром. Долж двете страни на кејот на рекава Вардар се изградени ролерско-велосипедски патеки со комплетна инфраструктура, песочните игралишта за одбојка и ракомет на песок, на повеќе локации се поставени спортски реквизити за вежбање покрај Вардар, како и изградбата на модерниот Скејт-парк.
 Од нашите статистики и досегашните искуства, во текот на една сезона над 10.000 граѓани го користат одбојкарските и ракометните игралишта на песок, кои им се достапни на граѓаните да ги користат бесплатно до 1 час. Со постојните активности, Град Скопје е презадоволен од искористеноста на овој спортско-рекреативен капацитет, бидејќи во текот на сезоната се случува дури и по три недели однапред да бидат резервирани попладневните термини.
Покрај користењето на спортските терени за граѓаните, истите се користат и за организација на масовни спортски манифестации.
Традиционално во Скопје на игралиштата на песок кон крајот на месец јули се одржуваат меѓународни турнири во одбојка на песок, како балкански шампионат во репрезентативни двојки во машка и женска конкуренција. Мината година Скопје беше  домаќин и на признат Сателит турнири во одбојка на песок во регионот. На ракометното игралиште, заедно со ракометната Федерација на Македонија се организираат турнири со учество на познати екипи во ракомет на песок, со што истата прерасна во традиционална спортска манифестација.
Оттука, оправданоста на инвестицијата е сосема очигледна и плажата ја потврди потребата за нејзината изградба и постоењето како спортско-рекреативен капацитет.
 Градот Скопје сака да потенцира дека градската плажа „Камен мост“ престана да функционира поради градежните работи кои се одв

Пронајдете не на следниве мрежи: