Градот Скопје и Јавната установа Конгресен Центар Александар реагираат на невистините деновиве пласирани во јавноста во врска со наводното идејно решение за реконструкција и надградба на објектот на конгресниот центар (Универзалната сала), за кое граѓанската иницијатива „Прва Архибригада“ тврди дека е изработено од скопскиот бизнисмен Зоран Илиев Роџер.- Сакаме да нагласиме дека решението за кое има дискусии во јавноста, а за кое се тврди дека е изработено од скопскиот бизнисмен Зоран Илиев Роџер, не е идејното решение според кое ќе се реконструира и надгради постојниот објект на Универзалната сала.
Имено, како што беше потенцирано и на прес-конференцијата пред две недели, објектот на Конгресен Центар Александар Македонски (Универзална сала) ќе се догради и прошири врз основа на идејното решение избрано пред 8 години, а изработено од „Архангел бојс“.
Во наредниов период, ќе биде неопходно допроектирање со дополнителни содржини и други елементи, но во основа, проектот ќе остане ист. Поради тоа, остро реагираме до авторите на ваквите паушални и невкусни тврдења со кои се залажува јавноста и се извртуваат фактите.- Сакаме да нагласиме дека решението за кое има дискусии во јавноста, а за кое се тврди дека е изработено од скопскиот бизнисмен Зоран Илиев Роџер,