Екипите на Градот Скопје и на јавните градски и државни претпријатија, АРМ и голем број на волонтери работеа на расчистување на сите населени места кои беа погодени од големото невреме во саботата.Како што информира Град Скопје, на терен се работи без застој со сите видови на механизација која во најголем дел е од јавните и државни претпријатија, а голем дел е помош од другите општини во Македонија, земјите од соседството, како и машинерија од домашни компании.
– На терен работат луѓе и механизација кои дојдоа на помош од други општини во Република Македонија, како и помош од странски држави. Помошта составена од храна, лекови, ќебиња, хигиенски препарати,.. се праќаат во прифатните центри, додека помошта во луѓе и механизација се праќаат на терен, согласно состојбите и приоритетните потреби, велат од Градот.
На терен, додаваат, повеќе денови работат екипи и механизација од поголем број земји од соседството и регионот, а денеска помош пристигна и од Народна Република Кина, во вид на поголем број на ќебиња и душеци. Денеска во Скопје пристигнаа и екипи и возила за спасување од Истанбул, Турција, составени од 32 лица и 11 возила и механизација.
Од Градот потсетуваат дека утре во периодот од 5 до 9 часот, ќе се изврши вонредна авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци, на поплавеното подрачје, односно во Бутел, Илинден, Арачиново, Ченто, Стајковци, Страчинци, Црешево, Инџиково, Виниче,Смилковци и другите населени места кои се поплавени.
Како што информира Град Скопје, на терен се работи без застој со сите видови на механизација која во најголем дел е од јавните и државни прет