Град Скопје по повод шпекулациите, изнесени во текот на изминатите денови за тоа кој е надлежен да ги подигне преостанатите споменици во централното градско подрачје има потреба да ги изнесе следните факти, велат од Градот.Спомениците и спомен-обележјата во централното градско подрачје, согласно со програми, беа подигнати од Општина Центар.
Град Скопје од Општина Центар, низ целосно спроведена законска постапка, доби отстапување на правото да ги чува, заштитува, одржува и користи веќе изградените споменици и спомен-обележјата во централното градско подрачје.
Врз основа на претходно обострано договорени активности за преземање на обврската за одржување, Советот на Град Скопје донесе Одлука за воспоставување соработка со Општина Центар за отстапување на чување, одржување, заштита и користење на спомениците и спомен-обележјата, изградени од Општината во централното градско подрачје. Одлуката е донесена на 10.09.2013 година.
Врз основа на Одлуката на Советот на Град Скопје, Општината има донесено одлука и е склучен договор помеѓу Град Скопје и Општина Центар на 25.10.2013 година за отстапување на чување, одржување, заштита и користење на спомениците и спомен- обележјата.
По склучувањето на договорот, Град Скопје и Општината Центар, записнички го утврдија бројот на споменици кои се отстапуваат на чување, одржување, заштита и користење.
Оттука јасно е дека обврската за подигањето на спомениците на Пјетар Богдани, Јосиф Багери, како и на Неџат Аголи е на Општина Центар, за што имаат добиено и финасиски и локациски услови, а по нивното поставување, Град Скопје ќе ги преземе за одржување, заштита, чување и користење.Спомениците и спомен-обележјата во централното градско подрачје, согласно со програми, беа подигнати од Општина Центар.
Град Скопје од Општ